Почетна > Македонија > „На здравје“ – музиката што не’ зближува, повторно со вас оваа недела на Балкан Мјузик ТВ (Видео)

„На здравје“ – музиката што не’ зближува, повторно со вас оваа недела на Балкан Мјузик ТВ (Видео)

///
Comments are Off

И оваа недела, во добро познатиот термин – 20:00 часот, Балкан Мјузик ТВ ве поканува на уште една незаборавна музичка дружба со новата епизода од серијалот „На здравје“.

Се радуваме што секоја недела сме дел од вашите домови и семејни моменти. Ова не е обична емисија – ова е музичка трпеза исполнета со емоции, пријателства, убави мисли и македонски песни што од срце се пеат. Овојпат сме подготвиле ексклузивна селекција на гости кои ќе ве развеселат, но и допрат до душата.

Со чашка добредојде и песна што обединува, ја славиме радоста на живеењето – онаа исконска, македонска, семејна топлина која не’ потсетува дека вреди да се слави секој миг.

Не ја пропуштајте новата епизода од “На здравје” – затоа што со музика, срце и луѓе кои знаат да дадат љубов, сè е поубаво.

Вечерва точно во 20:00 часот, само на Балкан Мјузик ТВ – нека ни е На здравје!

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик

Може да ви се допаѓа и
Три сплета, нови кавери и авторска песна: Група „Круна“ најавува жешка свадбена сезона (Видео+Фото)
Тереза Кесовија тргнува на последен поклон пред публиката
Песна, обичаи и идентитет: Ново празнично издание на „На Здравје“ (Видео)
Лени Партикова со нов студиски албум и голем концерт: Тетово подготвено за фолк спектакл (Фото)