Почетна > Арт Студио Продукција > Стојне Николова ја претстави „Душа скршена“ – песна во која многумина ќе се пронајдат (Фото+Видео)

Стојне Николова ја претстави „Душа скршена“ – песна во која многумина ќе се пронајдат (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Македонската фолк сцена доби уште една силна и емотивна музичка приказна. Познатата пејачка Стојне Николова ја претстави својата најнова песна и видеоспот со наслов „Душа скршена“, проект во кој љубовта, болката и искрените чувства се преточени во музика.

Станува збор за балада што носи длабока порака за љубовта која понекогаш остава рани што тешко заздравуваат. Токму таа емоција е во срцето на композицијата, а според реакциите на публиката, многумина веќе се препознаваат во нејзината приказна. Пејачката и самата ја најави песната преку социјалните мрежи, споделувајќи дел од емоцијата што ја носи новиот проект.

„Љубовта понекогаш остава само душа скршена. Мојата нова песна „Душа скршена“ е веќе објавена. Слушнете ја и можеби вашата приказна ќе ја пронајдете во неа“, напиша Стојне на својот Инстаграм профил.

Зад музиката и аранжманот стои композиторот Бобан Мојсовски, додека текстот го потпишува Борче Нечовски. Во песната се слуша и препознатливата хармоника на Дуле Божиновски, а пратечките вокали ги отпеа Марта. Аудио продукцијата е реализирана во XL студио Момировски, што на песната ѝ дава современ и чист звук.

Еднакво впечатлива е и визуелната приказна. За видеоспотот се погрижија Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија, кои ја доловија емотивната атмосфера на песната. Во кадрите Стојне се појавува во впечатливи креации од Atelier by Sonja & Marija, додека за шминката се погрижи Маја Диневска, која стои и зад креацијата на впечатливите крилја што се појавуваат во спотот.

Песната „Душа скршена“ премиерно беше објавена вчера и веќе привлекува внимание на публиката, а судејќи според првите реакции, оваа балада има потенцијал да стане уште еден препознатлив хит во репертоарот на Стојне Николова.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Елена Андоновска со голем концерт во чест на Васка Илиева: „Од Македонија во туѓина“ на 4 август во Охрид (Фото)
Историски момент: По 35 години ПГП РТС повторно објави албум на македонски уметник – „Балкански жубор“ на Проф. д-р Јове Кекеновски (Фото)
Со голем музички спектакл во Хераклеа Борче Наумовски – Министерот ќе одбележи 30 години музичка кариера (Фото)
Македонски артист и продуцент меѓу 12-те најдобри во регионот (Видео+Фото)