Почетна > Арт Студио Продукција > Голем концерт на Инструментал Бенд – 20 години на македонската музичка сцена (Фото)

Голем концерт на Инструментал Бенд – 20 години на македонската музичка сцена (Фото)

///
Comments are Off

Неодамна пишуваме, а денес почитувани наши читатели само Ве потсетуваме дека на 16-ти јули, под ѕвездите на Битола и магијата на античката сцена на Хераклеа, Инструментал Бенд ќе испише уште една страница во својата 20-годишна музичка приказна. Со почеток во 21:00 часот, започнува вечера што нема да се заборави – концерт што слави две децении страст, звук и пријателство.

Од клубски вечери до големи фестивали, Инструментал Бенд се изгради како синоним за искреност, квалитет и музичка душа. На овој јубилеј, тие не слават само години – туку луѓе, сеќавања, моменти и сите ноти што ги поврзале со својата публика.

На сцената, покрај нив, ќе застанат и некои од највокалните имиња на нашата музичка сцена: Анета Љумаковска, Димитар Андоновски, Ламбе Алабаковски, Ѓоко Јовиќ, Бојан Стојков и мајсторот зад пијаното и композиторската визија – Николче Мицевски. Една вечер, една сцена, едно срце – во ритамот на заедништвото.

Концертот носи уште една димензија – човечноста. Дел од приходите ќе бидат донирани за семејствата погодени од трагедијата во Кочани, затоа што музиката има смисла кога е во служба на доброто.

Билетите се веќе достапни на:

За сите оние што нема да можат да бидат дел од вечерта во живо, Балкан Мјузик ТВ ќе се погрижи да ја пренесе магијата до секој дом – благодарение на продукцијата Арт Студио која што ќе го реализира и снима концертот.

Ова не е само концерт. Ова е прослава на музиката, животот и сите Вас што бевте дел од нашата приказна“, велат од Инструментал Бенд.

И не заборавајте, среда 16-ти јули, почеток 21 часот, Антички театар Хераклеа Битола.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
„Денес е Велигден“ – нова духовна и велигденска химна на Лени Партикова (Видео)
Големо велигденско финале на празничната програма вечерва со Алерт Бенд во 20 часот на Балкан Мјузик (Видео)
Велигденската еуфорија продолжува со свадбарскиот сплет на Бобан Цаневски и Еуфорија Бенд (Видео)
Лени Партикова со големиот концертен спектакл дел од празничната велигденска програма на Балкан Мјузик (Видео)