Почетна > Балкан > „Лавина“ ќе ја претставува Србија на Евровизија во Виена – убедлива победа со гласовите од публиката и жирито (Видео)

„Лавина“ ќе ја претставува Србија на Евровизија во Виена – убедлива победа со гласовите од публиката и жирито (Видео)

///
Comments are Off

По сумирањето на гласовите од стручното жири и публиката, донесена е конечната одлука – бендот „Лавина“ ќе ја претставува Србија на престојното издание на Eurovision Song Contest во Виена.

Вечер исполнета со емоции, неизвесност и силни музички настапи кулминираше со триумф на „Лавина“, кои убедливо ја освоија публиката, но и дел од жирито. По прогласувањето, фронтменот Лука Анѓелковиќ со солзи во очите им се заблагодари на сите што гласаа и веруваа во нив.

„Ова е победа на сите што ја чувствуваат музиката со срце“, изјави видно возбудениот пејач додека салата еруптираше од аплаузи.

Резултати од СМС-гласањето (публика)

  • 1 поен (1952 гласа) – Jack Lupino,
  • 2 поена (2239 гласа) – Lores,
  • 3 поени (2316 гласа) – GemiNNi,
  • 4 поени (2445 гласа) – Iva Grujin,
  • 5 поени (4396 гласа) – Kosmos Trip,
  • 6 поени (4454 гласа) – Zejna,
  • 7 поени (4726 гласа) – Zona,
  • 8 поени (6130 гласа) – Harem Girls,
  • 10 поени (14.003 гласа) – Brat Pelin,
  • 12 поени (29.759 гласа) – „Лавина“.

Со речиси 30 илјади гласови, „Лавина“ направи вистинска доминација кај публиката, освојувајќи максимални 12 поени.

Како гласаше стручниот жири?

Александра Ковач (претседателка на жирито):

  • 8 поени – Lu-ka,
  • 10 поени – „Лавина“ и
  • 12 поени – Zejna.

Игор Паниќ – Nucci:

  • 8 поени – Brat Pelin,
  • 10 поени – „Лавина“ и
  • 12 поени – Zejna.

Нина Радојичиќ:

  • 8 поени – Zejna,
  • 10 поени – Yanx и
  • 12 поени – „Лавина“.

Алек Алексев:

  • 8 поени – Zejna,
  • 10 поени – Lu-ka и
  • 12 поени – „Лавина“.

Zoe Kida:

  • 8 поени – Yanx,
  • 10 поени – Zejna и
  • 12 поени – „Лавина“.

Иако Zejna доби значајна поддршка од жирито, конечниот збир од гласовите ѝ ја донесе победата на „Лавина“.

Победата на бендот „Лавина“ се смета за спој на современ звук, силен сценски настап и јасна авторска визија. Бендот веќе најави дека ќе работи на дополнително сценско унапредување на настапот за големата европска сцена.

Србија оваа година очекува силен пласман, а со оглед на убедливата поддршка од публиката, „Лавина“ во Виена ќе замине со ветер во грб.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Македонија – домаќин на Јуниорската Евровизија 2026?!
Стојне Николова ја претстави „Душа скршена“ – песна во која многумина ќе се пронајдат (Фото+Видео)
„На Здравје“ во чест на Денот на жената – празнична неделна вечер со музика од срце (Видео)
Ора, песни и носии: „Танец“ со велигденски концерт во МНТ