Почетна > Балкан > Гласот што го одбележа Балканот: Каде е денес и што прави вокалот на балканскиот мега хит „Додирни ми колена“ (Видео)

Гласот што го одбележа Балканот: Каде е денес и што прави вокалот на балканскиот мега хит „Додирни ми колена“ (Видео)

///
Comments are Off

Нема човек на Балканот кој има над 30 години, а барем еднаш во животот не го потпевнал легендарниот хит „Додирни ми колена“. Песната која во раните осумдесетти години стана вистинска музичка сензација, ја отпеа пејачката која остави неизбришлива трага во поп музиката – Зана Нимани.

Токму по неа името го доби и белградската поп група „Зана“, основана од музичарите Радован Јовиќевиќ и Зоран Живановиќ. Иако низ годините групата помина низ многу промени, името „Зана“ и денес останува симбол за еден незаборавен период од југословенската поп сцена.

Големиот пробив се случи во 1982 година, кога се појави песната „Додирни ми колена“, со текст на легендарната авторка Марина Туцаковиќ. Песната веднаш стана хит, се слушаше по радијата, дискотеките и телевизиите ширум поранешна Југославија, а Зана Нимани преку ноќ се претвори во една од најпопуларните пејачки на сцената.

Но, на врвот на славата – дојде неочекуван пресврт.

Само две години подоцна, пејачката ја напушти групата и започна соло кариера. По издавањето на албумот „Ночас певам само за тебе“, животот ја однесе во сосема поинаква насока. По раѓањето на ќерката Теа, Зана реши да ја напушти тогашна Југославија и да започне ново поглавје далеку од балканските рефлектори. Денес, нејзиниот живот изгледа многу поинаку од оној на поп ѕвезда. Наместо концерти, сцени и аплаузи, Зана работи како менаџер во финансиска компанија и води мирен, приватен живот.

И уште една интересна промена – оние кои ја паметат од телевизиските настапи сигурно ќе забележат дека некогашната препознатлива русокоса поп икона денес е црвенокоса.

Иако одамна се повлече од музиката, песните кои ги отпеа и понатаму живеат. За многумина, Зана Нимани останува симбол на едно време кога поп музиката на Балканот создаваше хитови што траат со децении.

А „Додирни ми колена“?
Тоа е една од оние песни кои едноставно – никогаш не стареат.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“
Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)