Почетна > Арт Студио Продукција > Групата Романтик објави нов музички проект: Свадбарски сплет со безвременски македонски хитови (Фото+Видео)

Групата Романтик објави нов музички проект: Свадбарски сплет со безвременски македонски хитови (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Македонската група Романтик деновиве го привлече вниманието на љубителите на добрата македонска музика со нов свадбарски сплет составен од шест безвременски хитови кои со децении се неизоставен дел од секоја веселба.

Во сплетот се најдоа добро познатите песни: „Џумбуш“, „Доста време ерген одев“, „Куме заиграј“, „Весела свекрва“, „Свирете ми свирачи“ и „Четири месеци“ – композиции кои публиката ги пее од почеток до крај и секогаш создаваат незаборавна атмосфера.

Бендот го сочинуваат Димитар Филев – вокал, Никола Петровски – хармоника, Костадин Настов – саксофон, Јован Терзиев – клавијатури и Никола Арсовски – ударни инструменти, а од неодамна нивни нов член е и младата пејачка Софија Ангелова, која внесува дополнителна свежина и енергија во настапите. Од групата велат дека идејата била да се направи спој помеѓу старата добра македонска свадбарска традиција и помодерен музички пристап, со цел секоја генерација да се пронајде во нивниот звук.

„Ги одбравме токму овие песни затоа што се проверени свадбарски хитови што секогаш ја креваат атмосферата. Сакавме да внесеме нова енергија и современ звук, а притоа да ја задржиме автентичната македонска емоција“, велат од Романтик.

Посебна благодарност упатуваат до Студио Кулевски и Дарко Кулевски за аудио обработката и мастерингот, како и до Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија каде што се реализирало снимањето на каверите.

Иако постојат само една година во овој состав, членовите на бендот веќе сериозно работат на нови проекти. Во периодот што следува најавуваат уште повеќе македонски народни и забавни песни, нови сплетови, но и авторска музика со уште помоќна енергија и многу изненадувања за публиката.

„Планот ни е да продолжиме со нови кавери, авторски песни и уште поголеми свадбарски проекти што ќе ја кренат атмосферата на максимум“, порачуваат од групата Романтик.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Најгледаниот музички серијал „На Здравје“ и оваа недела со одлична забава и музички гости кои ќе ви го разубават викендот (Видео)
Блага Петреска со награда за животно дело, нови хитови и две фестивалски вечери во Валандово
12 години без Војо Стојановски – гласот што ја пееше душата на Македонија (Видео)
Неделна магија со „На Здравје“ – музика, емоции и македонска душа на едно место (Видео)