Почетна > Македонија > По емотивната „Имам се“, Стефан Величковски изненади со летната „Карта“ – песна што ќе ви остане во глава (Фото+Видео)

По емотивната „Имам се“, Стефан Величковски изненади со летната „Карта“ – песна што ќе ви остане во глава (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Неполни два месеци по излегувањето на емотивната поп балада „Имам се“ со зборови кои допираат секого и се вртат во главата на секој родител од првиот ден до последен здив, македонскиот музичар и пејач Стефан Величковски веќе има нова песна. Овој пат летна, разиграна, полна со ритам срцепарателни стихови, кои ја опишуваат емоцијата на разделбата, кога едниот заминува со „карта“ во еден правец в џеб во некој друг свет, а сепак копнежот ја „сече“ душата како жилет.

За тоа зборуваат стиховите на темата „Карта“ во кои одново се испреплетува „семејната хармонија“ на пејачот со авторот на текстот, неговата сопруга – ТВ водителката Ана Николовска-Величковски, која заедно со Стефан е и ко-автор на музика, додека аранжманот го потишува Иле Спасев.

Музички во прашање е поп песна со регетон призвук, налик на големите светски хитови од средината 90-ите како што беа „Coco Jumbo“ na Mr. President или „All that she want“ на „Ace of Base“, на пример. Реге – поп ритам со слушлива хармонија и певлив вокал како рецепт за летна песна која од прва влегува во уво и секогаш има потенцијал бргу да стане летен радио хит кој ќе го вртат домашните радиостаници. „Карта“ е визуелизирана и со видеоспот кој како и во музичкиот авторско – продуцентски дел, пејачот не ја менувал екипата, па за реализација на видеото повторно ја одбрај екипата на Industrial Media на Драган Ристовски.

Во спотот покрај Стефан Величковски се појавуваат и девојките од танчерското студио KaDance кои танцуваат на кореографија на Катерина Стојковска. Како звучи и изгледа „Карта“ за еден правец на Стефан Величковски, проследете од видеото во продолжение:

Фото: А.Н.В./AI Grok

Може да ви се допаѓа и
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“
Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)