Почетна > Балкан > Скандал на концертот на Дино Мерлин: Илјадници останаа надвор, публиката скандираше „Дино, крадецу!“ (Видео)

Скандал на концертот на Дино Мерлин: Илјадници останаа надвор, публиката скандираше „Дино, крадецу!“ (Видео)

///
Comments are Off

Говорот на Дино Мерлин на Кошево беше прекинат со скандирањето „Дино, крадецу“, а пејачот, иако за момент беше збунет, продолжи со концертот и покрај револтот на незадоволната публика.

Синоќешниот, прв од трите закажани концерти на Дино Мерлин на стадионот Кошево, беше засенет од голем скандал.

Иако имаа купени билети, илјадници луѓе останаа пред стадионот. Мерлин започна да настапува уште додека публиката сè уште влегуваше на Кошево, а кога капацитетот беше исполнет, обезбедувањето ги затвори влезовите пред лицето на многумина кои останаа надвор. Во еден момент, додека ѝ се обраќаше на публиката, од трибините се слушна скандирање кое накратко го збуни пејачот.

„Ете така, и мене ми е навистина убаво. И сега ќе ви кажам нешто: Толку ми е убаво! Кога имав некаде 12 или 13 години…“, зборуваше Мерлин, кога револтираната публика почна да скандира: „Дино, крадецу!“.

Пејачот се обиде да продолжи:

„Овде, на овој стадион, се играа големи натпревари…“, рече, па застана зачудено гледајќи кон публиката. Потоа го извади микрофонот од увото за подобро да слушне што се случува, а потоа, без да реагира на скандирањата, продолжи со предвидената програма.

Да потсетиме, на социјалните мрежи се шират снимки на кои се гледа како револтирани посетители, користејќи помошни скали, се обидуваат да влезат на стадионот.

Преземено од: Информер.рс

Може да ви се допаѓа и
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“
Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)