Почетна > Арт Студио Продукција > Кога хармониката раскажува приказни – Александар Ицов ја одбележува првата деценија со два музички проекти и голема промоција (Фото)

Кога хармониката раскажува приказни – Александар Ицов ја одбележува првата деценија со два музички проекти и голема промоција (Фото)

///
Comments are Off

По исклучително успешната турнеја низ Австралија, каде што беше пречекан со големи овации и топол прием од македонската дијаспора, мултиинструменталистот Александар Ицов не запира. Напротив, со уште поголем ентузијазам продолжува да создава нови музички приказни, потврдувајќи дека инспирацијата и љубовта кон традицијата се неговата најголема движечка сила.

Деновиве Ицов го заврши снимањето на два нови видеоспота за своите најнови инструментални композиции – авторски ора изведени на хармоника и гајда. Видеозаписите се реализирани на повеќе атрактивни локации во соседна Грција, во соработка со најдобрите – Арт Студио продукција и Балкан Музик телевизија, кои дадоа значајна поддршка во реализацијата на проектот.

Но, тоа не е сè. Во наредниот период следува снимањето и на трет видеоспот, кој ќе биде реализиран во прекрасниот манастирски комплекс „Св. Георги Победоносец“ во селото Ораовица, Радовишко – амбиент кој совршено ќе ја долови духовноста и автентичноста на музиката што ја создава Ицов.

Новите инструментални дела, заедно со видеоспотовите, својата официјална промоција ќе ја имаат на 29-ти јуни во Скопје, кога македонската јавност за првпат ќе има можност да ги види и слушне овие нови музички остварувања. Особена тежина на целиот проект му дава фактот што оваа година Александар Ицов одбележува значаен јубилеј – десет години професионална музичка кариера. Деценија исполнета со безброј настапи, авторски дела, патувања, посветеност и непрекината љубов кон музиката, која од хоби одамна прерасна во негов животен повик.

Со секој нов проект, Александар Ицов испраќа јасна порака дека македонската инструментална музика има современ израз, силен идентитет и иднина, а неговата мисија останува иста – преку звукот на хармониката и традиционалните инструменти да ја пренесе убавината на македонската музичка култура до публиката, без разлика каде се наоѓа.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Нов музички проект на 4U Band: Нов музички микс од безвременски балкански хитови (Фото)
Најубавите македонски мелодии и добрата атмосфера продолжуваат во „На здравје“ и оваа недела само на Балкан Мјузик (Видео)
„Моја љубов, моја судбина“ – Борче Наумовски со нов музички бисер пред големиот јубилеј (Фото+Видео)
Најгледаниот музички серијал „На Здравје“ повторно со нова приказна, нови гости и многу емоции (Видео)