Почетна > Арт Студио Продукција > Нов музички проект на 4U Band: Нов музички микс од безвременски балкански хитови (Фото)

Нов музички проект на 4U Band: Нов музички микс од безвременски балкански хитови (Фото)

///
Comments are Off

Кога љубовта кон музиката ќе се спои со квалитетна изведба и внимателно избран репертоар, резултатот е проект што лесно го пронаоѓа патот до публиката. Токму таков е најновиот музички сплет на 4U Band од Кавадарци, кој неодамна тие го реализираа во соработка со Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија.

Станува збор за внимателно осмислен микс од познати балкански песни, кои со години се дел од омилениот репертоар на љубителите на добрата музика. Во проектот се испреплетуваат безвременски хитови и кафански евергрини што и денес будат емоции кај сите генерации. Проектот е комплетно реализиран во ресторанот Белисимо во Кавадарци.

Иако 4U Band постои повеќе години, во сегашниот состав функционира веќе две години, период во кој успешно реализираше неколку кавер проекти што беа одлично прифатени од публиката. Новиот музички сплет претставува продолжение на нивната визија – преку квалитетна музика да создадат атмосфера, емоција и уживање за секој слушател.

„Нашата цел е преку музиката да допреме до луѓето и да им приредиме вистинско уживање. Репертоарот е внимателно одбран за секој да пронајде песна што ја сака и со која ќе се поврзе“, велат од бендот.

Паралелно со реализација и промоцијата на новиот проект, членовите на 4U Band се максимално посветени на летната сезона исполнета со свадбени веселби, приватни прослави и бројни настапи низ Македонија, каде продолжуваат да ја градат својата препознатливост како еден од најангажираните состави за жива музика.

Но, тука не застануваат. Следниот проект веќе е во подготовка и повторно ќе биде кавер издание, овојпат целосно инспирирано од кафанската музика и песните што со децении се пеат со ист жар. Од бендот најавуваат дека публиката наскоро ќе може да ужива во уште еден внимателно подготвен музички проект.

4U Band го сочинуваат:

  • Борис Илов – вокал и гитара
  • Борче Митрев – клавијатури
  • Марија Јосифовска – женски вокал
  • Никола Стоев – саксофон и кларинет
  • Стефан Николов – труба
  • Александар Перески – хармоника
  • Аце Чоклев – ударни инструменти

Со јасна визија, професионален пристап и љубов кон музиката, 4U Band најавува дека ова е само уште едно поглавје од нивната музичка приказна, а новите проекти и изненадувања веќе се на повидок.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Поминаа 50 години, а Македонија сè уште го слуша гласот на Никола Бадев
Кога хармониката раскажува приказни – Александар Ицов ја одбележува првата деценија со два музички проекти и голема промоција (Фото)
Најубавите македонски мелодии и добрата атмосфера продолжуваат во „На здравје“ и оваа недела само на Балкан Мјузик (Видео)
„Моја љубов, моја судбина“ – Борче Наумовски со нов музички бисер пред големиот јубилеј (Фото+Видео)