Почетна > Македонија > Македонија дел од глобалниот проект „Music Unites the World“

Македонија дел од глобалниот проект „Music Unites the World“

///
Comments are Off

Светски реномираниот виолончелист Стјепан Хаусер ја избра македонската народна песна „Јовано, Јованко“ како репрезентативен музички симбол на Македонија во рамките на неговиот амбициозен проект „Music Unites the World“. Ова музичко патување, кое има за цел да обедини култури преку универзалниот јазик на музиката, се состои од изведба на по една препознатлива песна од секоја земја во светот.

Со емотивна и виртуозна интерпретација, Хаусер успеа да ја пренесе магијата на македонската традиционална музика до светската публика. Видеото со изведбата, објавено на неговите социјални мрежи, за кратко време доби илјадници споделувања и коментари од љубители на музиката од целиот свет.

„Овој проект не е само музичко патување, туку глобален манифест на единство, доказ дека музиката не познава граници. Без разлика на потеклото, културата или јазикот – сите ја чувствуваме музиката на ист начин“, изјави Хаусер.

Досега, овој неверојатен проект вклучува песни од повеќе од дваесет земји низ светот, секоја од нив претставена со автентичен музички бисер. Со секое ново видео, Хаусер не само што го претставува богатството на различните култури, туку и создава уникатен глобален музички мозаик што ги спојува луѓето преку емоцијата и хармонијата.

Љубителите на музиката можат да очекуваат нови објави во наредниот период, а со тоа и можност за откривање на безвременските звуци на различни народи.

Може да ви се допаѓа и
Триесет и три години музичка традиција: „Охрид Фест“ подготвува спектакл со големи домашни и балкански ѕвезди (Фото)
Јаков Јозиновиќ го објави својот прв студиски албум „Јас за чуда летим“ (Видео)
Вања Лазарова – Гласот што го воодушеви светот, но беше заборавен дома (Фото+Видео)
Вечер исполнета со безвременски хитови: Нова епизода од омилениот музички серијал „На Здравје“ и оваа недела на Балкан Мјузик (Видео)