Почетна > Арт Студио Продукција > „Ќерката ни порасна“ – Од Венеција до Солун, со љубов и музика! (Фото+Видео)

„Ќерката ни порасна“ – Од Венеција до Солун, со љубов и музика! (Фото+Видео)

///
Comments are Off

По романтичната прошетка низ Венеција со „Љубовта е сè што имаме“, музичкиот тандем Кристина и Слободан Трајанов од групата „Крешендо“ повторно удира во срце, ама овојпат со нова емотивна приказна – “Ќерката ни порасна”.

Видеоспотот за оваа песна се снимаше на атрактивни локации во Солун и на егзотичната плажа Сахара, а за магијата зад камерата се погрижи кој друг ако не тимот на Арт Студио продукција – најдобрите од најдобрите!

Во главните улоги се најдоа стилистите Ана Марија и Филип, кои совршено ја доловија приказната за ќерката која порасна и го најде својот животен сопатник.

Музиката носи потпис на Слободан Трајанов, текстот и аранжманот се дело на Љупчо Соколовски Бубе и Слободан Трајанов, а сè беше магично обликувано во студиото City Sound.

Со овој спот, „Крешендо“ уште еднаш докажуваат дека музиката не е само звук – туку емоција, приказна и патување низ најубавите моменти на животот, а во нестрпливо исчекување на истот, на кратко да ве потсетиме на љубовта, магијата и емоциите од Венеција и видеоспотот за песната „Љубовта е сè што имаме“.

Може да ви се допаѓа и
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“