Почетна > Македонија > Здравко Чолиќ во Скопје – три симфониски вечери за паметење!

Здравко Чолиќ во Скопје – три симфониски вечери за паметење!

///
Comments are Off

По шест години, легендарниот Здравко Чолиќ се враќа во Скопје со спектакуларен концертен спектакл, овојпат во уникатно симфониско издание. По неодамнешното одложување на мартовските концерти, новите датуми се официјално закажани – 2, 3 и 4 јуни 2025 во арената „Борис Трајковски“.

Ова ќе биде историски момент за македонската публика, бидејќи за првпат Чолиќ настапува со симфониски оркестар, заедно со 50 врвни музичари, Новосадскиот биг бенд и оперскиот оркестар на СНП од Нови Сад. Под водство на диригентот Федор Вртачник, неговите најголеми хитови ќе добијат ново, грандиозно звучно руво.

Поради спецификата на концертот, арената „Борис Трајковски“ ќе биде целосно уредена со седишта, што значи ограничен број на билети. Првите два концерти се веќе распродадени, а за третиот (4 јуни) остануваат уште околу 500 влезници.

Ова е единствена можност да бидете дел од најексклузивниот музички настан во 2025 година. Осигурете си место и подгответе се за незаборавна вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна уметност.

Може да ви се допаѓа и
Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)
Љупчо Соколовски открива што ја очекува публиката на Фолк вечерта: „Фолк вечерта на „Охрид Фест“ носи внимателно избрана програма“
По емотивната „Имам се“, Стефан Величковски изненади со летната „Карта“ – песна што ќе ви остане во глава (Фото+Видео)
Скандал на концертот на Дино Мерлин: Илјадници останаа надвор, публиката скандираше „Дино, крадецу!“ (Видео)