Почетна > Македонија > Фестивалот „Денови на македонска музика“ одложен за есен 2025

Фестивалот „Денови на македонска музика“ одложен за есен 2025

///
Comments are Off

Концертот „100 години од раѓањето на Властимир Николовски и Кирил Македонски“, кој беше закажан за 3 април во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“, се одложува за есенскиот период, објави СОКОМ.

„Ве известуваме дека концертот на Филхармонијата на ДММ, планиран за 3 април, ќе биде одложен поради актуелните случувања во институцијата поврзани со промената на раководството. Со ова, целокупната програма на фестивалот се поместува за периодот септември-октомври 2025. Во наредниот период, во координација со националните институции, ансамблите и солистите, ќе ги објавиме новите термини за концертите од фестивалската програма“, соопштија од СОКОМ.

На овој концерт како диригент беше најавен Борјан Цанев, а како солистка – сопранистката Мила Јаневска. Очекувањата се дека есенското издание на фестивалот ќе ја донесе истата високо-квалитетна програма и ќе им овозможи на љубителите на класичната музика да уживаат во делата на македонските музички великани.

Може да ви се допаѓа и
„Земјо Македонска“ и „Медена гајда“ го обележаа новото „На Здравје“ музичко дружење на Балкан Мјузик
Џамбо Агушев, Дејан Петровиќ и најдобрите од Гуча доаѓаат на 15-то издание на Фестивалот на дувачките оркестри во Пехчево (Фото+Видео)
Татијана Стефановска промовираше нов видеоспот – „Песна е чарето“ доби вистински визуелен сјај (Видео)
Соработката со Balkan Music TV и Арт Студио продукција позитивно искуство за Модерато Бенд од Србија (Фото)