Почетна > Македонија > Наздрави со музика – и ова неделно дружење посветено на македонска песна (Видео)

Наздрави со музика – и ова неделно дружење посветено на македонска песна (Видео)

///
Comments are Off

Оваа недела повторно ве покануваме на незаборавно музичко патување. Во 16 часот на Алфа телевизија и во 20 часот на најдоброто музичко катче – Балкан Мјузик телевизија, започнува новата епизода на најгледаното македонско музичко шоу – „На здравје“!

Во 24-тата епизода од четвртата сезона, ве водиме низ времето со најубавите народни бисери и новокомпонирани песни кои ја чуваат традицијата жива. Со внимателно избрани изведувачи, ќе уживате во магијата на македонскиот звук, во песни што будат емоции и создаваат спомени.

Како што велат повозрасните – викендите се за семејството, за убави моменти и радост. А што може да биде посилно од македонската песна, која ги поврзува срцата и обединува сите генерации?

Пуштете ја душата да пее, наздравете со музиката и поминете уште една вечер исполнета со ритам, љубов и традиција!

На здравје!

Може да ви се допаѓа и
Неделна магија со „На Здравје“ – музика, емоции и македонска душа на едно место (Видео)
Верица Ристевска – гласот што со „Летај галебе“ ја обележа македонската музика
„Не буди ме зоро“ музичко првенче на Деан Стојановски создадено со страст и пријателство (Фото-Видео)
Уживајте во безвременските македонски рефрени и оваа недела во „На Здравје“ само на Балкан Мјузик (Видео)