Почетна > Македонија > „Танец“ тргнува на голема балканска турнеја – ритамот на македонската душа ќе одекнува низ регионот

„Танец“ тргнува на голема балканска турнеја – ритамот на македонската душа ќе одекнува низ регионот

///
Comments are Off

Националната установа – Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ со гордост ја најавува својата голема балканска турнеја под наслов „Ритамот на душата – бојата на традицијата“, со која македонскиот фолклор ќе оживее на најпрестижните сцени во регионот.

Публиката во Хрватска, Словенија, Австрија и Босна и Херцеговина ќе има можност да ужива во уникатна програма составена од најпознатите македонски народни ора и песни, како и во понови кореографии кои сведочат за современиот дух и уметничкиот развој на ансамблот.

Градови и датуми на турнејата:

  • 24.09.2025 – Културен центар „Матија Петар Катанчиќ“, Валпово (Хрватска) – 19:30 часот
  • 26.09.2025 – „Прешерново Гледалишче“, Крањ (Словенија) – 19:00 часот
  • 28.09.2025 – Das MuTh – Konzertsaal, Bühne & Programm, Виена (Австрија) – 19:00 часот
  • 30.09.2025 – Дом на култура, Лакташи (БиХ) – 19:00 часот

Секој настап на „Танец“ претставува вистински празник за очите и душата – безвремените ритми на „Копачка“, „Мијачка“, „Солунка“ и други ќе бидат изведени со автентични носии и препознатлива енергија што ансамблот го прави уникатен.

Со своите впечатливи костими, оригинална музика и неуморна страст, „Танец“ повеќе од седум децении е амбасадор на македонската култура ширум светот. Основан во 1949 година, ансамблот денес важи за еден од најзначајните чувари на нашето културно наследство. Со над 76 години на сцената, „Танец“ има настапувано на светски фестивали и престижни сцени, освојувајќи признанија за автентичноста и уметничкиот квалитет.

Оваа турнеја е повеќе од концертно патување – тоа е културна мисија која ја потврдува живоста на македонската традиција и нејзината сила да ги обединува луѓето преку убавината на музиката и танцот.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
По емотивната „Имам се“, Стефан Величковски изненади со летната „Карта“ – песна што ќе ви остане во глава (Фото+Видео)
Скандал на концертот на Дино Мерлин: Илјадници останаа надвор, публиката скандираше „Дино, крадецу!“ (Видео)
Елена Андоновска со голем концерт во чест на Васка Илиева: „Од Македонија во туѓина“ на 4 август во Охрид (Фото)
Историски момент: По 35 години ПГП РТС повторно објави албум на македонски уметник – „Балкански жубор“ на Проф. д-р Јове Кекеновски (Фото)