Почетна > Македонија > „На здравје“ се враќа со 5-та сезона – со македонска песна, оро и многу изненадувања, само на Балкан Мјузик (Фото+Видео)

„На здравје“ се враќа со 5-та сезона – со македонска песна, оро и многу изненадувања, само на Балкан Мјузик (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Најгледаната музичко-забавна емисија во Македонија, „На здравје“ на Балкан Мјузик телевизија, од пред само неколку дена официјално ја започна својата петта сезона. И тоа, не било каде – туку во магичното Македонско село, лоцирано на падините на Водно, веднаш до манастирот „Св. Пантелејмон“.

Прекрасната автентична атмосфера на Македонско село, со куќички и конаци од сите краеви на Македонија, се претвори во вистинска сцена за снимање на првите епизоди од оваа сезона. Музичките гости не се штедеа – се пееше, се играше оро, а публиката која ќе ги гледа епизодите ќе може да „замириса“ на традицијата уште преку малите екрани.

Во снимањето учество зедоа голем број познати македонски музички имиња: Анета Љумаковска, Адријана Ацевска, Татјана Лазаревска, Сузана Гавазова, Марјан Коцев, Филип Стојковски, Сандра Милковска, Кристина и Слободан Трајанови, Борче Наумовски Министерот, Орде и група Круна, како и група Модерато. За дополнителна убавина, тука беа и играорците од КУД „Ансамбл Никола Јонков Вапцаров“, кои со својата енергија ја заокружија сликата.

„На здравје“ отсекогаш важеше за емисија која се пее и свири во живо, па така ќе биде и овој пат. Но, оваа сезона носи новитет: покрај добро познатата група Круна, музичарите ќе се ротираат со уште една група – група Плетенка. Така, секое издание ќе има свежа енергија и поинаков музички шмек.

Големото телевизиско враќање е закажано за 5-ти октомври, на програмата на Балкан Мјузик телевизија. Дотогаш, гледачите можат да уживаат во репризните изданија, но и да ги следат видеата на официјалниот YouTube канал на Балкан Мјузик.

Ако судиме според најавите и првите снимања – оваа сезона ветува многу отпеани македонски песни, традиција, забава, но и изненадувања кои ќе ја држат публиката до самиот крај пред тв екраните.

Или како што велат нашите – на здравје со музика, на здравје со љубов!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Фото и видео: Арт Студио продукција/Балкан Мјузик тв

Може да ви се допаѓа и
Емоција без граници: Александар Ичев со успешна турнеја ја слави македонската музика во Австралија (Фото+Видео)
Недела резервирана за македонска традиција: Нова епизода од „На Здравје“ во недела во 20 часот (Видео)
Фолк дивата Елена Јовческа во полн сјај: Нови песни, видеоспотови и концерти низ Европа (Фото)
Борче Наумовски – Министерот за естрада: Од скијачките патеки на Пелистер до голем концерт во Хераклеа (Фото)