Почетна > Балкан > После 8 години Дара Бубамара издава нов студиски албум

После 8 години Дара Бубамара издава нов студиски албум

///
Comments are Off

Дара Бубамара по 32 години кариера и 8 години од издавањето на последниот албум го објави својот нов, 13-ти по ред студиски албум под наслов „2025“. Новиот албум на Дара е под издание на City Records. Албумот содржи 12 сосема нови песни, а Дара уште еднаш покажа и докажа дека таа „владее“ над многу жанрови и стилови на пеење. Докажаните соработници и младата сила на авторот, го направија новиот албум на Дара да го најде патот дури и до оние најпробирливи слушатели и љубители на музика.

Имено, публиката од различни возрасти и вкусови на музика даде фантастични коментари за новиот албум на Дара, а тоа го потврдува и статусот дека Дара е една од највлијателните пејачки на балканската музичка сцена.

Албумот „2025“ на Дара е пропратен со модерни музички спотови како и визуелни слики за спотовите од секоја песна, а албумот доби и физичко издание, односно ЦД кое може да се купи во сите продажни места на City Records, и он-лајн преку нивната продажна мрежа.

Од City Records за медиумите велат дека ова е специјално задоволство на сите фанови на Дара, а според нив тие едвај чекаат да ги слушнат впечатоците на слушателите и гледачите.

„Ова е специјално задоволство за најверните фанови и сите љубители на тој вид музика. Ние едвај чекаме да ги слушнеме впечатоците на слушателите и гледачите, а и на цела публика. Исто така на сите им препорачуваме да ги погледнат визулените слики и да уживаат во најновите видео-спотови од најновиот албум на Дара насловен како „2025“, велат од City Records.

Може да ви се допаѓа и
Четкар со концертна промоција на албумот „Let Us Be“ во Скопје (Фото)
Христос Воскресе – Вистина Воскресе! Како дел од нашите македонски музички ѕвезди го дочекуваат Велигден? (Фото)
Бендот што не мирува: „Адреналин бенд“ со експлозија на проекти во 2025 (Фото)
Само на Балкан Мјузик телевизија – Празнична програма исполнета со многу македонска музика, радост и традиција (Видео)