Почетна > Балкан > Северина во Крањ: „Музиката не познава граници“

Северина во Крањ: „Музиката не познава граници“

///
Comments are Off

Сплитската пејачка Северина одржа спектакуларен концерт во Крањ, Словенија, исполнувајќи ја вечерта со емоции, енергија и безвременски хитови.

На својот Инстаграм-профил, таа сподели моменти од настапот и изрази воодушевување што нејзината музика и понатаму ги поврзува луѓето, без оглед на јазичните бариери.

„Имам многу среќа и толку ми е убаво да видам дека, иако долго време не го предаваат мојот јазик во училиштата, Словенците ги знаат, пеат и ги разбираат моите песни… Уште повеќе овие млади луѓе… Музиката навистина не познава граници“, напиша Северина.

Со ова, таа уште еднаш покажа дека нејзината музика ја надминува секоја граница и продолжува да инспирира генерации низ целиот регион.

Може да ви се допаѓа и
По 35 години кариера „Ехо од Хераклеа“ – голем концерт на фолк пејачот Миле Кузмановски во Битола (Фото)
Ова лето патувајте безгрижно со Crvo Express – луксузни одмори во Грција и Бугарија по најповолни услови (Фото)
Таму каде што музиката создава спомени: Не пропуштајте го новото издание на „На здравје“ (Видео)
По успехот на „Чекор“, Darkoff ја претстави новата песна „Под ова небо“ (Видео)