Почетна > Македонија > „Ориентал Бенд“ прослави 14 години успешна кариера, музичка магија и многу забава (Видео)

„Ориентал Бенд“ прослави 14 години успешна кариера, музичка магија и многу забава (Видео)

///
Comments are Off

Во среда, на 15-ти октомври, познатиот македонски и надалеку прочуен „Ориентал Бенд“ одбележа 14 години постоење на домашната музичка сцена. Со повеќе од една деценија активна работа, настапи и хитови, овој состав стана синоним за добра забава, врвна музичка енергија и вистинско дружење со публиката.

Бендот е составен од талентирани и веќе добро познати музичари: Сашко Настов, Ристе Бунаров, Ване Биков, Никола Дафов, Горан Биков, Лидија Паскова, Далибор Ефтимовски и Благоја Глушков – секој со своја улога и инструмент, создавајќи хармонија и препознатлив звук кој ја обојува секоја нивна изведба.

По повод јубилејот, членовите на Ориентал Бенд на својата официјална фејсбук-страница им се заблагодарија на сите обожаватели, пријатели и соработници за долгогодишната поддршка, најавувајќи уште многу настапи, нови песни и изненадувања.

„Денес го славиме 14-от роденден на нашиот бенд . 14 години исполнети со звук, енергија, насмевки и безброј заеднички моменти. Од првите проби и мали настапи, до сцените и публиката што ни даваат сила – се ова е патување што го создаваме заедно со Вас. Големо благодариме на сите што веруваат нас, што пеат, играат и живеат со нашата музика. Продолжуваме со уште поголема страст, нови песни и уште повеќе моменти што ќе ги паметиме. Среќен 14-ти роденден на нашиот бенд – Музиката не старее, само станува погласна“, напишаа тие на своите профили на социјалните мрежи.

Како што тие самите велат за Балкан Мјузик, „Ориентал Бенд“ цели 14 години е во непроменет состав, зад себе имаат еден студиски албум и учество на многу музички фестивали во Македонија.

Со оваа годишнина, „Ориентал Бенд“ уште еднаш ја потврди својата посветеност и љубов кон музиката, а нивниот успех е доказ дека вистинската енергија и професионалност секогаш наоѓаат пат до срцата на публиката.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
18 години без Тоше – човекот што ја научи Македонија да сака (Видео)
Елена Велевска, Лени Партикова, Горан Стоилков и уште многу други музички гости во новата епизода на „На здравје“ (Видео)
Тажна вест: Почина Панчо од ДНК
„Макфест“ со тридневен музички спектакл – Штип го слави 40-годишниот јубилеј