Почетна > Македонија > 18 години без Тоше – човекот што ја научи Македонија да сака (Видео)

18 години без Тоше – човекот што ја научи Македонија да сака (Видео)

///
Comments are Off

Денес, 16-ти октомври, се навршуваат 18 години од трагичната смрт на Тоше Проески, најголемата музичка ѕвезда што Македонија и Балканот некогаш ја имале. Тој замина прерано, но зад себе остави вечна светлина, која ниту времето, ниту тишината не можат да ја изгаснат.

Во утринските часови на овој ден во 2007-та година, кај Нова Градишка во Хрватска, сообраќајна несреќа го одзеде животот на момчето со ангелски глас, токму во годината кога неговата десетгодишна кариера го достигнуваше својот врв. Тоше беше повеќе од пејач. Тој беше симбол на добрина, скромност и љубов. Роден на 25-ти јануари 1981 година, својата прва сцена ја почувствува уште како дете на фестивалот „Златно славејче“, каде ја отпеа песната на влашки јазик. Од тој момент, се раѓа легендата.

Својата професионална приказна ја започна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, 1997 година, а потоа следуваа настапи на сите значајни фестивали во регионот. Во 2004 година, ја претстави Македонија на Евровизија во Истанбул, со песната „Life“, и ја покажа својата душа пред милиони гледачи низ Европа. Истата година, ООН го прогласи за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, чест што ја носеше со најголема одговорност и искрена човечност.

Својата професионална приказна ја започна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, 1997 година, а потоа следуваа настапи на сите значајни фестивали во регионот. Во 2004 година, ја претстави Македонија на Евровизија во Истанбул, со песната „Life“, и ја покажа својата душа пред милиони гледачи низ Европа. Истата година, ООН го прогласи за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, чест што ја носеше со најголема одговорност и искрена човечност.

Со својот неповторлив глас, харизма и скромност, Тоше ги освои срцата на сите – од најмалите до највозрасните. Неговата музика беше лек, неговиот поглед мир, а неговата насмевка – надеж.

Соработуваше со некои од најголемите имиња на балканската и светската сцена – Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Тони Цетински, Миро Буљан, Антонија Шола, и многу други. Албумот на англиски јазик – „The Hardest Thing“ – беше објавен постхумно, како сведоштво за неговата недовршена, но величествена меѓународна приказна. Денес, 18 години по неговото заминување, тишината што ја остави зад себе сè уште боли, но неговата музика продолжува да зборува – појасно од било кога. Неговите зборови „Јас сакам светот да го направам подобро место“ – не останаа само стих, туку завет.

Тоше Проески не замина. Тој живее во секоја песна, секој спомен, секое срце што чука со љубов. И токму затоа, времето за него застана – но љубовта кон него никогаш нема да престане.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Младиот фолк пејач Игор Андреевски ја промовира „Да сум сонце“ – песна што ги слави верата, традицијата и Македонија (Фото+Видео)
На Здравје“ – вечер исполнета со многу хитови и емоции ексклузивно во недела во 20 часот на Балкан Мјузик ТВ (Видео)
Фолк дивата Анета Љумаковска промовира нова емотивна балада, видеоспот и нов бенд (Фото+Видео)
Во недела нова епизода од серијалот што ги обединува сите генерации – „На Здравје“, во 20 часот само на Балкан Мјузик (Видео)