Почетна > Македонија > Од „Поздрав праќам брате мој“ до „Цело Скопје“ – вечни хитови во жива изведба на најдобрите во најновата епизода на „На Здравје“

Од „Поздрав праќам брате мој“ до „Цело Скопје“ – вечни хитови во жива изведба на најдобрите во најновата епизода на „На Здравје“

///
Comments are Off

Ниту оваа недела не изостанаа радоста, музиката и македонската традиција. Во уште една блескава епизода од најгледаната музичка емисија „На Здравје“, нашите домаќини – неуморниот Орде Неделковски и секогаш расположената група Круна.

Со мераклиското скопско оро ја започнавме новата епизода од четврттата сезона од најгледаната музичка емисија во Македонија и пошироко, “На Здравје”. Овој пат на нашата музичка сцена Влатко Ѓоргиев заедно со нашите и ваши домаќини групата Круна ја отворија емисијата со традиционално оро, носејќи ја атмосферата до врв уште од првата минута.

А потоа прв на сцената настапи талентираниот Чеде Спасиќ, кој со многу емоции ја отпеа трогателната песна „Поздрав праќам брате мој“, оставајќи ги гледачите без зборови. На емотивниот бран се надоврза и Горан Стоилков, кој со длабока искреност ја изведе баладата „Мој неспокој“.

Иако песната „Ах, вие луди млади години“ е полна со носталгија, Виолета Пандовска успеа да ја пренесе нејзината убавина на начин што предизвика тивко потпевнување во секој дом.

Момците од 4 You Бенд ја подигнаа атмосферата со фолклорната „Илчовице, млада невесто“, внесувајќи ведрина и живост на сцената. Секако, неизбежни се и група Круна, кои со „Китен девере“ буквално ги разиграа сите во студиото – и гледачите дома.

Заедно со група Круна, Емилија Иванова ја отпеа легендарната „А бре воденичаре“, пренесувајќи ја магијата на македонската народна традиција. А насмеаната и позитивна Елена Андоновска со својот настап внесе нова доза свежина во емисијата. Таа ја отпеа „Една желба имам“.

Автентичен и искрен, Дане Ќосески ја оживеа македонската традиција со „Павле ми пие“, песна што се пренесува со генерации. Со многу љубов и гордост, Јованка Јо ја изведе безвременската „Цело Скопје“, песна посветена на главниот град, оставајќи длабок впечаток.

Групата Круна ја затвори емисијата со веселата „Лено, Ленче мамино девојче“, а како шлаг на тортата – Идает Сејфулов заедно со група Круна ја отсвиреа „Веселата гајда“, оро кое ги крена сите на нозе.

Емоции, радост, традиција и извонредни гласови ја обликуваа оваа епизода која сигурно ќе се памети долго. Со нетрпение ја очекуваме следната недела, новата доза македонска музика и вистинска естрадна магија. А до тогаш, следете го нашиот портал „Балкан Мјузик“ за ексклузивни вести, интервјуа и моменти зад сцената од „На Здравје“ и македонската музичка сцена.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Музика, емоции и семејна топлина во новото издание на „На Здравје“ на Балкан Мјузик Телевизија (Видео)
Измина уште една одлична епизода на „На Здравје“ со македонските музички гордости
Сергеј Ќетковиќ приреди две одлични магични вечери во центарот на Скопје
Свадбена еуфорија, силен македонски дух и роденденска премиера на новото музичко видео „Весела сум невеста“ на Сандра Милковска (Видео)