Почетна > Македонија > Балкан Мјузик и Арт Студио продукција со проект што обединува врвни музичари и безвременски хитови (Видео)

Балкан Мјузик и Арт Студио продукција со проект што обединува врвни музичари и безвременски хитови (Видео)

///
Comments are Off

Проектот „Showroom“, зад кој стојат Балкан Мјузик и Арт Студио Продукција, продолжува да го освојува вниманието на љубителите на квалитетната музика. Се работи за серија на живи музички изведби, во кои внимателно одбрани вокалисти и музичари преработуваат македонски и српски песни, носејќи им нов живот преку оригинални аранжмани и беспрекорна изведба.

Во најновото објавено видео, „Showroom“ го претставува настапот на Филип Стојковски, кој со својот вокален сјај и автентичен сценски израз ѝ дава нова димензија на избраната песна. Во живо отпеана и отсвирена, песната добива сосема нова емоционална боја, што уште еднаш го потврдува квалитетот и визијата зад овој проект.

Тука ќе го споменеме и нашиот млад и перспективен пејач Немања Денчиќ кој блесна со одличната изведба на хитот „Син“, оставајќи силен впечаток кај публиката и најавувајќи блескава музичка кариера. Со емоција, енергија и автентичност, тој успеа да го долови срцето на песната и да ја донесе на сосема ново ниво.

Аудио продукцијата ја потпишува The Studio – Горан Мирковски, познат по својот прецизен и динамичен звук, додека видеото е дело на Арт Студио Продукција, кои со својата визуелна естетика даваат дополнителна тежина и карактер на целокупното доживување.

Зад настапот стои „Showroom Band“ – бенд составен од исклучително талентирани и искусни музичари, внимателно избрани за да се обезбеди беспрекорна синергија и врвен музички квалитет. Токму тие се срцето на овој проект – нивната енергија и музичка прецизност се основата врз која се гради целиот концепт.

Претходно беше објавено видео со изведба на едно оро, што веќе привлече позитивни коментари, а новото видео со Филип Стојковски е само продолжение на она што следи – серија видеа со други врвни вокалисти, кои наскоро ќе бидат објавени на YouTube каналот на Арт Студио Продукција и на Балкан Мјузик телевизија.

Не заборавајте да се претплатите на YouTube каналот на Арт Студио Продукција и да ги следите новите видеа кои излегуваат во наредните денови и секако, да ја гледате најдобрата музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик телевизија.

„Showroom“ продолжува – а музиката е подобра од кога било!

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Музика, емоции и семејна топлина во новото издание на „На Здравје“ на Балкан Мјузик Телевизија (Видео)
Измина уште една одлична епизода на „На Здравје“ со македонските музички гордости
Сергеј Ќетковиќ приреди две одлични магични вечери во центарот на Скопје
Оливер повторно пее: „Dolaziš“ – нов албум со 12 неиздадени бисери (Видео)