Почетна > Балкан > Неда Украден го прослави 75-тиот роденден на плажа – „Годините се само број“ (Фото)

Неда Украден го прослави 75-тиот роденден на плажа – „Годините се само број“ (Фото)

///
Comments are Off

Неда Украден уште еднаш покажа дека возраста е само бројка. Регионалната музичка дива вчера го прослави својот 75-ти роденден, и тоа на препознатлив начин – на плажа, во бикини, со насмевка на лицето и во друштво на најблиските.

Како и секоја година, и овојпат Неда одбра да слави во природен амбиент, на црногорското приморје, окружена со љубов, радост и семејна топлина.

„Денес славам љубов, радост и благодарност – кон Бога и кон сите кои ми пружија љубов и поддршка, за денес да се радувам среќна и опкружена со моите најмили“, напиша пејачката на социјалните мрежи.

Фотографиите што ги сподели веднаш предизвикаа лавина од коментари. Нејзините обожаватели ја нарекоа „жена лавица“, „кралица која не старее“ и „пример за сила и енергија“. Мнозина истакнаа дека Неда и денес зрачи со младешки дух и недопирлива самодоверба.

Украден откри дека најголемиот подарок ѝ е времето поминато со ќерката Јелена и трите внучиња, со кои споделува среќа во сите важни животни моменти. Со тоа уште еднаш докажа дека, покрај успешната кариера и статусот на легенда во музичкиот свет, семејството е нејзината најголема радост и извор на сила.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
По 14 години, Марјан Коцев конечно собра сила да ја раскаже најличната музичка приказна (Фото)
Игор Андреевски со емотивна музичка приказна: „Дај ми рака татко“ ќе допре до срцето на секој слушател (Фото)
Спуштена завесата на „Охрид Фест 2026“ – познати победниците на Фолк и Интернационалната поп вечер (Фото)
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)