Почетна > Македонија > „Министерот за естрада“ ќе ја освојува Хераклеа: Борче Наумовски со голем концерт по повод 30 години музичка кариера (Фото)

„Министерот за естрада“ ќе ја освојува Хераклеа: Борче Наумовски со голем концерт по повод 30 години музичка кариера (Фото)

///
Comments are Off

Како што неодамна ексклузивно прв објави музичкиот портал Музика24, познатиот македонски фолк пејач Борче Наумовски – „Министерот за естрада“, ова лето ќе одржи голем солистички концерт во Битола, на магичната сцена на античкиот локалитет Хераклеа Линкестис.

Концертот е закажан за 22 јули 2026 година, а многу скоро ќе се знаат детали околу продажбата на билетите.

Она што дополнително ја крева возбудата е листата на гости кои ќе му се придружат на сцената. Наумовски, неколку месеци пред концертот, ги откри имињата на своите блиски пријатели и соработници: Татијана СтефановскаДаниела ТемелковскаМарјан КоцевМиле КузмановскиКате и Трајче Соната, како и Кирил Стојчевски со неговиот оркестар.

Кариерата на Борче Наумовски е тесно поврзана со фестивалите – нешто по што и самиот е препознатлив. Уште од 90-тите години па наваму, има настапено на околу 35 фестивали низ Македонија, оставајќи силен белег на сцената. Своето музичко патување го започнува на „Тримери“, а веќе следната година се појавува на неколку значајни фестивали, меѓу кои и Фолк Фест Валандово.

„Три фестивали во една година и три нови песни – тоа беа времиња кога фестивалите беа вистински настани“, се присетува Наумовски, кој уште тогаш го добил прекарот „фестивалско дете“. Зад себе има бројни настапи и награди, меѓу кои се издвојуваат победите на Прилеп Фолк Фест (2010) и повторно на Фолк Фест Валандово (2012), како и многубројни признанија од публика и стручно жири.

Иако скромно вели дека нема „преголеми“ хитови, неговите песни одамна го надминале локалниот карактер. Тие се пеат низ целиот свет – од Австралија до Европа, каде македонската дијаспора го пречекува со полни сали и силни емоции.

По повод 30 години на музичката сцена, концертот во Битола ќе биде вистинска ретроспектива на неговото творештво. Публиката ќе има можност да ужива во најпознатите песни, но и во нов материјал, изведен во придружба на оркестар и бројни гости.

„Ова ќе биде концерт за паметење, со многу музика, емоции и изненадувања“, најавува Наумовски.

Самиот избор на Хераклеа Линкестис како сцена му дава дополнителна тежина на настанот – место каде историјата и музиката ќе се спојат во една незаборавна вечер. Концертот ќе биде и сниман, во продукција на Арт Студио продукција и Balkan Music Television, што значи дека овој спектакл ќе добие и своја телевизиска приказна.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Трагичната судбина на Јонче Христовски: На истиот ден ја доби најголемата радост и ја изгуби љубовта на животот
Група Круна со нов свадбарски хит за сите генерации – „Свекрва“ ќе ја тресе Македонија (Фото+Видео)
„Денес е Велигден“ – нова духовна и велигденска химна на Лени Партикова (Видео)
Големо велигденско финале на празничната програма вечерва со Алерт Бенд во 20 часот на Балкан Мјузик (Видео)