Почетна > Арт Студио Продукција > Хераклеа пее, Битола гори – „Инструментал Бенд“ приреди незаборавна музичка ноќ (Фото)

Хераклеа пее, Битола гори – „Инструментал Бенд“ приреди незаборавна музичка ноќ (Фото)

///
Comments are Off

На 16-ти јули, под отворено небо и пред распродаден капацитет, „Инструментал Бенд“ од Битола ја наполни древната Хераклеа со љубов, звук и енергија. Поводот беше јубилеј – 20 години постоење и беспрекорна работа на македонската музичка сцена. Спектакуларниот концертот не беше само прослава, туку и своевидна лекција за тоа како се гради, чува и слави една музичка приказна која трае.

Додека околу 4.000 среќници го следеа концертот од трибините, стотици стоеја, а некои дури и од надвор го слушаа концертот, надевајќи се дека ќе „уловат“ барем дел од магијата.

Сцената – гламурозна. Звукот – совршен. Атмосферата – електризирачка! Секоја чест!

Покрај фантастичниот настап на членовите на „Инструментал Бенд“, вечерта блесна и преку специјалните гости: Ѓоко Јовиќ, Анета Љумаковска, Ламбе Алабаковски, Бојан Стојков, Димитар Андоновски, како и маестралниот композитор Николче Мицевски. Публиката ги пееше сите хитови – во еден глас, со раце во воздух и солзи во очи.

Сцената на Античкиот театар изгледаше како од светска турнеја. Најнова музичка опрема, совршено озвучување и светлосни ефекти што ја осветлуваа Хераклеа како никогаш досега. Сето тоа беше заокружено со врвната продукција и видео реализација на концертот од страна на најдобрите во својата работа – Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија, каде што наскоро ќе биде емитуван целиот концерт.

„Постоиме 20 години. Се менуваме и адаптираме на новите трендови, но никогаш не отстапуваме од квалитетот. Кај нас нема импровизации – само посветена работа и љубов кон тоа што го правиме“, велат за Балкан Мјузик членовите на бендот. Тие открија и дека ги очекуваат нови проекти, песни и настапи.

За сите пак кои не беа таму – имате шанса да ја почувствувате атмосферата преку ексклузивната емисија на Балкан Мјузик ТВ. Но, искуството во живо е незаменливо. Следниот пат не си дозволувајте да го пропуштите. По овој концерт, едно е сигурно – „Инструментал Бенд“ не се само група музичари. Тие се феномен. Сила која не избледува. Вистински музички херои на нашето време.

Честитки од Балкан Мјузик телевизија, нека е за многу години!

Подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Фото:AS Production

Може да ви се допаѓа и
„Денес е Велигден“ – нова духовна и велигденска химна на Лени Партикова (Видео)
Големо велигденско финале на празничната програма вечерва со Алерт Бенд во 20 часот на Балкан Мјузик (Видео)
Велигденската еуфорија продолжува со свадбарскиот сплет на Бобан Цаневски и Еуфорија Бенд (Видео)
Лени Партикова со големиот концертен спектакл дел од празничната велигденска програма на Балкан Мјузик (Видео)