Неодамна пишуваме, а денес почитувани наши читатели само Ве потсетуваме дека на 16-ти јули, под ѕвездите на Битола и магијата на античката сцена на Хераклеа, Инструментал Бенд ќе испише уште една страница во својата 20-годишна музичка приказна. Со почеток во 21:00 часот, започнува вечера што нема да се заборави – концерт што слави две децении страст, звук и пријателство.
Од клубски вечери до големи фестивали, Инструментал Бенд се изгради како синоним за искреност, квалитет и музичка душа. На овој јубилеј, тие не слават само години – туку луѓе, сеќавања, моменти и сите ноти што ги поврзале со својата публика.
На сцената, покрај нив, ќе застанат и некои од највокалните имиња на нашата музичка сцена: Анета Љумаковска, Димитар Андоновски, Ламбе Алабаковски, Ѓоко Јовиќ, Бојан Стојков и мајсторот зад пијаното и композиторската визија – Николче Мицевски. Една вечер, една сцена, едно срце – во ритамот на заедништвото.

Концертот носи уште една димензија – човечноста. Дел од приходите ќе бидат донирани за семејствата погодени од трагедијата во Кочани, затоа што музиката има смисла кога е во служба на доброто.
Билетите се веќе достапни на:
- Tobacco Dimpo – Битола
- Hive Caffe – Прилеп
- www.kupikarta.com
За сите оние што нема да можат да бидат дел од вечерта во живо, Балкан Мјузик ТВ ќе се погрижи да ја пренесе магијата до секој дом – благодарение на продукцијата Арт Студио која што ќе го реализира и снима концертот.
„Ова не е само концерт. Ова е прослава на музиката, животот и сите Вас што бевте дел од нашата приказна“, велат од Инструментал Бенд.
И не заборавајте, среда 16-ти јули, почеток 21 часот, Антички театар Хераклеа Битола.
Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ