Почетна > Македонија > Скандал во Велес: Цеца се завитка во бугарско знаме – публиката со свирежи и негодување (Видео)

Скандал во Велес: Цеца се завитка во бугарско знаме – публиката со свирежи и негодување (Видео)

///
Comments are Off

Вчера вечер видеото од концертот на српската турбо-фолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ во Велес предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Настапот во преполната спортска сала „Гемиџии“, кој требаше да биде вечер на музика и забава, се претвори во скандал што ја разбранува јавноста низ цела Македонија.

Во еден момент од концертот, Цеца се појави завиткана во бугарско знаме, што веднаш предизвика бурна реакција од присутната публика. Се слушнаа свирежи, извиците „УА!“ и негодување, со што македонските фанови јасно порачаа дека не прифаќаат ваков потег.

Иако пејачката по кратко време го отстрани знамето, штетата веќе беше направена. Видеото од инцидентот се прошири со неверојатна брзина по сите социјални платформи, а коментарите под објавите се преполни со осуди, револт и прашања зошто Цеца воопшто го направила овој потег.

Засега не е познато како бугарското знаме се нашло во нејзините раце, ниту дали станува збор за недоразбирање, провокација или непријатна грешка од организацијата. Сепак, сликите од пејачката завиткана во знамето оставија горчлив впечаток и чувство на понижување кај дел од македонската јавност.

Настапот кој требаше да биде дел од нејзината балканска турнеја заврши со горчлива порака – дека почитта кон публиката и земјата во која настапуваш не смее да биде само празна фраза.

Може да ви се допаѓа и
Младиот фолк пејач Игор Андреевски ја промовира „Да сум сонце“ – песна што ги слави верата, традицијата и Македонија (Фото+Видео)
На Здравје“ – вечер исполнета со многу хитови и емоции ексклузивно во недела во 20 часот на Балкан Мјузик ТВ (Видео)
Фолк дивата Анета Љумаковска промовира нова емотивна балада, видеоспот и нов бенд (Фото+Видео)
Во недела нова епизода од серијалот што ги обединува сите генерации – „На Здравје“, во 20 часот само на Балкан Мјузик (Видео)