„Музиката нема граници“ е мотото на македонскиот состав „Адреналин Бенд“ кои инспирирани од вкусот и желбите на својата верна публика, започна нова музичка приказна со силен емоционален и носталгичен карактер. Во постојана потрага по нови содржини и свеж пристап, освен македонската музика и песна бендот одлучи својот репертоар да го надополни со неколку добро познати, но подзаборавени балкански хитови, кои добиваат нов живот преку нивната интерпретација.

Во соработка со најдобрите во Македонија – Арт Студио продукција, „Адреналин Бенд“ избра необична, но визуелно впечатлива локација – аеродромот во Стенковец, кој послужи како совршена сцена за снимање на серија видеоспотови. Идејата зад изборот на оваа локација е да се создаде симболичен „полет“ кон минатото, но со свежа, модерна изведба која и се допаѓа и на младата публика.
„Сакавме да им оддадеме почит на песните со кои израснавме, но и да им дадеме нова боја. Ова не е само кавер-проект, туку емотивна реконекција со музиката што ја носиме во срцето“, велат од бендот.

На репертоарот се најдоа преработки на песни од легендарни српски пејачи, меѓу кои (во согласност со авторските права) се работи на теми кои ја обележале естрадата во 80-тите и 90-тите години во нов ултра модерен стил, кој што само „Адреналин Бенд“ може совршено да ги донесе. Видеата се визуелно продуцирани на високо ниво, со кинематографски кадри и урбано-индустриска естетика што совршено се спојува со емотивната тежина на песните.

Проектот е наменет за сите љубители на вечно добрата балканска музика, без разлика на генерација. Дополнително, истиот ќе биде промовиран преку YouTube и социјалните мрежи, со редовна неделна премиера на нов видеоспот на Балкан Мјузик телевизија и социјалните мрежи, што ќе им овозможи на фановите да уживаат во континуирана музичка понуда.
Со овој чекор, „Адреналин Бенд“ уште еднаш покажува дека не се плаши да експериментира, но и дека знае како да го зачува духот на музиката која не старее.
Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ