Почетна > Арт Студио Продукција > Саит Идоли ја промовираше новата песна „Ќерка“: Родителската љубов како вечна инспирација (Фото+Видео)

Саит Идоли ја промовираше новата песна „Ќерка“: Родителската љубов како вечна инспирација (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Македонскиот пејач Саит Идоли деновиве пред публиката ја претстави својата најнова песна со наслов „Ќерка“, која пристигнува заедно со внимателно подготвен видеоспот и силна емотивна порака. Песната е инспирирана од неговото семејство и љубовта кон неговата ќерка. Како што открива самиот Саит, идејата за ова музичко остварување се родила сосема природно.

„Инспирацијата дојде од фактот што сите ние имаме деца, а јас претходно направив песна за син. Потоа си реков – зошто да не направам и песна за ќерка. Емотивен човек и пејач сум и музиката ја чувствувам со целото срце“, вели Саит.

Видеоспотот за „Ќерка“ е реализиран во студиото на Арт Студио продукција во соработка со Балкан Мјузик телевизија, додека зад режисерската палка стои Дејан Горгиев. Сценариото е дело на Горан, а во музичката реализација учествувале и долгогодишните соработници на пејачот.

„На сајзер и гитара свири Сајо, а и јас отсвирев делови на гитара. Искрено, презадоволен сум од целото снимање, од атмосферата и од сценариото што го подготвивме“, додава тој.

Интересно е што ова не е прва песна која Саит Идоли ја посветува на својата ќерка. Во неговата музичка кариера веќе постои композицијата „Ќерко, ти ми порасна“, но според него, новата песна носи сосема поинаква приказна и емоција.

Покрај актуелната промоција, пејачот веќе работи и на нови музички проекти. За периодот по летото 2026 година најавува нова балада која ќе ја реализира во соработка со Марче од „Кисми“.

Со „Ќерка“, Саит Идоли уште еднаш на сите ни покажува дека најсилните песни често се раѓаат од вистинските животни приказни и искрените емоции, а токму тоа е причината поради која неговата публика лесно се пронаоѓа во неговите музички пораки.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Во најгледаниот музички серијал „На Здравје“ – и во оваа епизода убава македонска музика со познати македонски музички имиња (Видео)
„Гратче мое убаво“ триумфираше на „Фолк-фест Валандово 2026“ – Кико ја освои публиката и жирито
„Кога пеам за нас“ – нов музички проект создаден со страст, пријателство и многу музичка љубов (Фото)
Неделна музичка дружба со „На Здравје“ – добра песна, весела атмосфера и многу емоции (Видео)