Почетна > Македонија > Најгледаниот музички серијал „На Здравје“ повторно со нова приказна, нови гости и многу емоции (Видео)

Најгледаниот музички серијал „На Здравје“ повторно со нова приказна, нови гости и многу емоции (Видео)

///
Comments are Off

„Нека ни е на здравје“ – поздравот по кој е препознатлив најгледаниот македонски музички серијал „На Здравје“, и оваа недела повторно ќе ги отвори вратите на добрата песна, убавото расположение и вистинските семејни вредности.

Во новата епизода, која ќе се емитува во сабота, на 7 јуни, со почеток во 20:00 часот на Балкан Мјузик ТВ, гледачите ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма, искрени разговори, позитивна атмосфера и дружење со познати и омилени гости.

„На Здравје“ со години успешно ја негува македонската музичка традиција, создавајќи простор каде што песната ги обединува генерациите, а семејството и заедништвото остануваат во центарот на вниманието. Токму затоа секоја епизода претставува вистинска прослава на музиката, културата и животните вредности.

Очекувајте многу насмевки, емотивни моменти, познати мелодии и уште една вечер исполнета со содржини кои се паметат. Затоа, резервирајте ја неделната вечер за најубавата музичка дружба и бидете дел од новата епизода на „На Здравје“.

Нека ни е на здравје!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Игор Андреевски со емотивна музичка приказна: „Дај ми рака татко“ ќе допре до срцето на секој слушател (Фото)
Спуштена завесата на „Охрид Фест 2026“ – познати победниците на Фолк и Интернационалната поп вечер (Фото)
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)