Почетна > Арт Студио Продукција > Три сплета, нови кавери и авторска песна: Група „Круна“ најавува жешка свадбена сезона (Видео+Фото)

Три сплета, нови кавери и авторска песна: Група „Круна“ најавува жешка свадбена сезона (Видео+Фото)

///
Comments are Off

Група „Круна“ продолжува со засилено темпо и силна енергија да ја гради својата позиција на македонската музичка сцена, најавувајќи нови кавери, три различни музички сплета и бројни изненадувања за претстојната свадбена сезона.

Во изминатиот период, бендот сними три посебни музички сплета, внимателно селектирани за различна публика и различни пригоди:
Слет од македонски поп хитови,
Патриотски сплет,
Свадбарски сплет, кој сè уште не е официјално објавен.

Двата веќе објавени сплета – патриотскиот и македонските поп хитови, се достапни на YouTube каналот на Група „Круна“, каде што веќе бележат одлични реакции од публиката. Свадбарскиот сплет, кој се очекува со голем интерес, ќе биде промовиран во наредниот период. Особено внимание привлекуваат последните кавери, кои претставуваат преработки на стари македонски песни во современо музичко руво, со почит кон оригиналот, но и со модерен аранжман прилагоден на денешните прослави и живи настапи.

Сите кавери се реализирани во соработка со Арт Студио продукција, а медиумски се поддржани и од Балкан Мјузик телевизија, што дополнително ја зајакнува видливоста на проектот.

Покрај каверите, Група „Круна“ интензивно работи и на своја нова авторска песна, која во краток период ќе биде официјално објавена. Станува збор за весела, наменска свадбарска песна, создадена со цел да стане нов неизоставен дел од свадбените прослави. За песната е планирано и снимање на музички спот во наредниот период. Текстот е дело на познатиот македонски текстописец Орце Зафировски.

Во рамки на своите активности, бендот најавува и меѓународно гостување во Швајцарија, кое ќе се одржи на 28.02.2026 година, во Локарно, каде што ќе настапат заедно со Анета Љумаковска, пред македонската публика во дијаспората.

Од Група „Круна“ упатуваат голема благодарност до сите поддржувачи, младенци и организатори кои и оваа им ја дадоа својата доверба, истакнувајќи дека сезоната што следува ќе биде исполнета со многу новитети, професионален пристап и врвна забава.

Со нови проекти, свеж репертоар и силна желба за напредок, Група „Круна“ јасно покажува дека е подготвена со полна пареа да ја дочека една од најинтензивните и највозбудливи свадбени сезони досега.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Тереза Кесовија тргнува на последен поклон пред публиката
Песна, обичаи и идентитет: Ново празнично издание на „На Здравје“ (Видео)
Лени Партикова со нов студиски албум и голем концерт: Тетово подготвено за фолк спектакл (Фото)
Година на музика, страст и традиција: Нови проекти, кавери и видеа во 2026-та што ќе се паметат (Видео)