Почетна > Македонија > Есенска хармонија, добра македонска музика и искрени наздравици – нова епизода на „На здравје“ во недела само на Балкан Мјузик (Видео)

Есенска хармонија, добра македонска музика и искрени наздравици – нова епизода на „На здравје“ во недела само на Балкан Мјузик (Видео)

///
Comments are Off

Во новата, втора епизода од петтата сезона на најгледаната музичка емисија во Македонија – „На здравје“, повторно ќе почувствуваме зошто оваа емисија е омилен дел од неделните вечери. Екипата на Балкан Мјузик телевизија и овој пат ни подготви емисија исполнета со топлина, убави моменти и најдобрите звуци од македонската народна музика.

Во духот на есента, оваа епизода носи вистинска раскош на бои и чувства. Камерите ја доловуваат магијата на есенскиот пејзаж, каде што природната убавина и музиката се спојуваат во совршена хармонија. На оваа топла и позитивна атмосфера, тимот на „На здравје“ ѝ додава уште еден незаменлив елемент – чашата со која секогаш се наздравува на убави моменти и искрени пријателства.

Гостите во оваа епизода се добро познати на љубителите на народната песна – група „Плетенка“ која овој пат ги продружува нашите добро одбрани музички гости, која со својот препознатлив звук и енергија повторно ја оживува македонската музичка традиција. Ќе слушнеме омилени народни песни, но и неколку изведби кои ќе ве изненадат со својата свежина и емоција.

Со музика, насмевки и позитивна енергија, „На здравје“ уште еднаш потсетува дека македонската песна е вечна, а наздравицата – симбол на пријателство и љубов.

Не пропуштајте ја новата епизода оваа недела, ексклузивно на Балкан Мјузик телевизија со почеток во 20 часот!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Нова патриотска ера: Лени Партикова го промовираше видеоспотот за моќната и емотивна „Горда сум Македонка“ (Фото+Видео)
Белград ќе „гори“ по македонски: Фантастик Бенд МК со незаборавна музичка, емотивна и спектакуларна вечер во Домот на војската (Фото)
Уште една весела неделна македонска ноќ: Македонски ритам, добро друштво и полни чаши – време е за „На Здравје“ (Видео)
Ѓоковиќ центар на вниманието во Атина: Ноле игра сиртаки со познатиот грчки пејач Константинос Аргирос (Видео)