Почетна > Македонија > Ексклузивно: „Анета Бенд“ премиерно во најновата епизода од музичкиот серијал „На Здравје“ само на најгледаната Балкан Мјузик телевизија (Фото)

Ексклузивно: „Анета Бенд“ премиерно во најновата епизода од музичкиот серијал „На Здравје“ само на најгледаната Балкан Мјузик телевизија (Фото)

///
Comments are Off

На снимањето на најновата епизода од најгледаниот музички серијал во Македонија – „На Здравје“, кое вчера се одржа во живописното Македонско Село, ексклузивно и за прв пат во јавноста се појави новиот музички состав „Анета Бенд“.

Овој нов бенд го носи препознатливиот печат на една од најмоќните и најценети женски вокали во Македонија – Анета Љумаковска, која моментално сè уште е под договор со популарниот Дакапо Бенд. Како што дознаваме, официјалниот старт на „Анета Бенд“ со снимање на нови песни, настапи на семејни прослави и концерти е закажан по Нова година, кога истекува актуелниот ангажман на Љумаковска.

Особено внимание привлече веста дека во составот на „Анета Бенд“ како нов член се приклучува и познатиот музичар Вангел Мажевски, кој уште повеќе го зајакнува звукот и енергијата на овој нов бенд.

За време на снимањето на најновата епизода од музичкиот серијал „На Здравје“, ексклузивно и премиерно за гледачите на Балкан Мјузик Телевизија, „Анета Бенд“ ги изведоа песните: „Иле Илија“, „Крв Македонска“, како и најновата авторска песна „100 по Рихтер“, која публиката ја прими со огромен ентузијазам.

Редакцијата на Балкан Мјузик Телевизија им посакува на „Анета Бенд“ многу среќа, здравје и успех на музичката сцена, со надеж дека нивните проекти ќе ја збогатат македонската музичка ризница.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Сан Ремо повторно е музичкиот центар на Италија: Почнува 76. издание на легендарниот фестивал
Нина Бадриќ за љубовта по 40-тата: „Верувам во една средба што засекогаш го менува животот“
Македонска револуционерна песна одекна во Холандија: „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ во изведба на холандски хор (Видео)
„На Здравје“ со специјално издание за Прочка – убава македонска музика и силни емоции (Видео)