Почетна > Македонија > „Љубовта расцуте во Валандово“ – заврши 38. Фолк Фест Валандово со полни срца и песни за паметење (Фото)

„Љубовта расцуте во Валандово“ – заврши 38. Фолк Фест Валандово со полни срца и песни за паметење (Фото)

///
Comments are Off

Фолк музиката уште еднаш победи во градот на песната. 38-то издание на Фолк Фест Валандово и оваа година успеа да донесе традиција, емоција и уметност на едно место – на сцената под отворено небо, каде што душата пее, а публиката ја слави македонската песна.

Атмосферата беше повеќе од празнична, а сцената блескаше во полн сјај благодарение на 22 нови композиции кои, без сомнение, ќе си го најдат патот до слушателите.

Фестивалот го отвори Дарко Билбиловски со енергичната и емоционална „Мерак на душава“, а по него сцената ја зазедоа имиња кои не само што се познати, туку и омилени на публиката – Габриела Новевска, Смиља Митревска, Блага Петреска, Елена Андоновска, Горан Тодоровски, како и Сузана Гавазова, која годинава се претстави во дует со Љупчо Ѓоргиев, наш музичар кој со години твори во Хрватска.

Посебно внимание заслужува фактот што годинава организаторите се потрудија фестивалската вечер да биде составена од докажани, реномирани изведувачи – нешто што ја крена целата манифестација на повисоко ниво и ѝ даде поголема тежина и кредибилитет.

Додека стручниот жири и публиката внимателно ги слушаа сите композиции, во ревијалниот дел со свој настап ја забавуваше легендарниот Перо Христов, кој уште еднаш покажа зошто неговите песни живеат низ генерации.

Победници на 38-то издание на Фолк Фест Валандово

По настапите, следеше прогласувањето на наградите:

  • Прва награда: „Љубовта да расцути“ – дует на Сузана Гавазова и Љупчо Ѓоргиев
  • Второ место: „Што си ветивме“ – изведба на Благоја Грујевски и Василија Петрова
  • Трето место: „Дојди“ – интерпретација на Смиља Митревска

Покрај главните награди, беа доделени и признанија за:

  • Најдобар дебитант: Чеде Спасиќ – „Наздрави пријателе“
  • Најдобар текст: Валентин Соклевски – „Три извора Три изгора“
  • Најдобар аранжман: Драган Станков – „Ти“
  • Најдобра вокална изведба: Јованка Јо

Фестивалот го заокружи повторната изведба на победничката песна, која уште долго ќе одѕвонува во ушите на присутните, но и оние што го следеа фестивалот преку МТВ.

Ова издание на Фолк Фест Валандово ни покажа дека македонската фолк песна не само што не згаснува – туку пркоси, цвета и гордо чекори напред. Со срце, со глас и со публика што ја сака.

Текстот го подготви: Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
На 19 јули во Охрид: Најдоброто од Игор Џамбазов на голем концерт на „Антички театар“ (Фото)
Заврши големата и успешна Австралиска турнеја на Борче Наумовски (Министерот за естрада) и неговите музички соработници (Фото)
И оваа вечер нека биде „На Здравје“ – Вечер исполнета со музика, емоции и искрени моменти (Видео)
Успешно одржано првото издание на „Фолк Фест Владимирово“ (Фото)