Почетна > Македонија > „Фолк Фест Владимирово“: Македонската песна добива нов дом! (Фото)

„Фолк Фест Владимирово“: Македонската песна добива нов дом! (Фото)

///
Comments are Off

Со долги подготовки, силна поддршка и голема љубов кон македонската традиција, утре – 29-ти мај (Спасовден) – официјално започнува првото издание на новиот фолк фестивал во Македонија „Фолк Фест Владимирово“, фестивал кој ветува да стане еден од најзначајните културни настани во регионот.

Генералната проба ќе се одржи денес во 15:00 часот, каде сите изведувачи ќе ги претстават своите песни пред големото фестивалско деби. Настанот ќе се одвива во новоизградената фестивалска сала „Ванчо Чавдарски“, која неодамна се промовира како нов културен бисер на Малешевијата.

Идејниот творец на фестивалот, Г-нот Горан Алачки, со видно возбудување, на својот Фејсбук профил напиша:

„Одиме на МРТ1 со директен пренос. Линкувани сме сателитски со Македонското радио и програмата за нашите сонародници во странство. На 29-ти мај, Владимирово ќе биде културна претставница на Балканот. Ќе не слуша целата планета земја. Неможам ни јас да верувам… солзи радосници ми идат. Правиме многу голема работа“.

На фестивалската сцена утре вечер ќе настапат некои од најистакнатите фолк уметници во земјава, легенди на македонската музичка фолк сцена:

  • Драган Мијалковски – „Тука сум роден јас“;
  • Круме Спасовски – „Мирна река тивко тече“;
  • Зуица Лазова – „Срце предавник“;
  • Горан Кукиќ – „Голем мерак имам јас“;
  • Жаклина Узунова – „Засекогаш“;
  • Благоја Грујовски – „Еј, жено ти“;
  • Ленче Кукиќ – „Ракија се пече“;
  • Наум Петрески – „Горо ле, горо“;
  • Ванчо Тарабунов – „Јован делија“;
  • Нино Величковски – „Стара ламба трепери“;
  • Перо Христов – „Лиљано моја“;
  • Виданка Георгиевска – „Наша Македонија“.

Со силна визија, локална поддршка и автентична македонска музика, „Фолк Фест Владимирово“ го отвора патот кон нова ера на фолк фестивали, поставувајќи ја Малешевијата на културната мапа на Балканот.

Подготви: Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Музика, емоции и семејна топлина во новото издание на „На Здравје“ на Балкан Мјузик Телевизија (Видео)
Измина уште една одлична епизода на „На Здравје“ со македонските музички гордости
Сергеј Ќетковиќ приреди две одлични магични вечери во центарот на Скопје
Оливер повторно пее: „Dolaziš“ – нов албум со 12 неиздадени бисери (Видео)