Почетна > Балкан > Вистината за Мишо Ковач: Скромен живот, и без потреба од помош

Вистината за Мишо Ковач: Скромен живот, и без потреба од помош

///
Comments are Off

Легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач повторно се најде во фокусот на регионалната јавност, откако во дел од медиумите се појавија информации дека живее со скромна пензија од околу 420 евра и дека се разгледува идеја за организирање хуманитарен концерт во негова чест.

Според тие наводи, музичката икона на поранешна Југославија живее повлечено во Строжанац, а неговата финансиска состојба била причина за иницијативи кои би му обезбедиле дополнителна поддршка. Во истите извештаи се споменуваше и дека евентуален филмски проект инспириран од неговиот живот и кариера би можел да биде доведен во прашање поради финансиски причини.

Сепак, вистината е поинаква.

Ковач експресно реагираше на ваквите тврдења, јасно ставајќи до знаење дека не бара никаква помош, ниту пак има потреба од хуманитарен концерт. Во својата изјава тој нагласи дека живее мирно, скромно, но достоинствено – начин на живот кој, како што вели, го дели со голем дел од неговата публика. Иако во последните години се повлече од јавната сцена, главно поради здравствени причини, неговото име и понатаму носи огромна тежина. Секоја вест поврзана со него предизвикува силен одек, што уште еднаш потврдува колкаво место зазема во музичката историја на регионот.

Со децении зад себе, исполнети со хитови, рекордни тиражи и безброј концерти, Мишо Ковач останува симбол на една ера – уметник кој не само што ја одбележа забавната музика, туку и остави траен печат во срцата на публиката. И токму затоа, дури и кога живее далеку од рефлекторите, интересот за неговиот живот не стивнува. Но, како што самиот порача – не му е потребна ничија помош, туку само мирот кој го има избрано.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
„Од историја до Меморија“: Легендарната македонска рок група најави концерт и документарец во 12 епизоди (Фото)
По трет пат ќе се оствари сонот на велешките гемиџии, годинава вардарската регата повторно ќе плови до Солун (Фото)
Песни со љубов и душа – „Бендот на браќа Нуне“ промовираше две песни и најави албум (Видео)
Најгледаниот музички серијал „На Здравје“ и оваа недела со одлична забава и музички гости кои ќе ви го разубават викендот (Видео)