И оваа недела, популарната музичка емисија „На Здравје“ не го заборави вашиот дом – донесувајќи радост, емоции и најубавата македонска музика, токму онака како што публиката најмногу сака.
Емисијата започна со весело македонско оро во изведба на групата Круна, кои беа и домаќини во оваа епизода. Низ целиот тек се редеа емотивни балади, народни бисери, но и разиграни хитови, кои ги исполнија срцата на Вас – нашите редовни гледачи.
Првата што го скрши мразот беше Лени Партикова, која со својата интерпретација на „Ај Горушице црно око“ внесе силна енергија и емоција. По неа, сцената ја презеде Александар Талевски, кој со „Жировчанка“ внесе ведрина и насмевки во студиото.
Дуетот Катерина и Трајче Брезеви заедно со група Круна блеснаа со народната „Каранфило филфило“, додека Марија Божиновска ја разнежни публиката со „Сакам да ме крадеш“.
Како што и доликува, секогаш харизматичниот Марјан Коцев внесе посебна магија со „Љубовен танец“, по што веселата атмосфера експлодира со енергичната „Жаклина“ во изведба на група Круна.
Младиот Ристе Гавровски се претстави со искрена и допирлива изведба на баладата „Majka“, а веднаш потоа Ѓорги Поцков со „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ внесе нов бран на веселба.
Арена Бенд и Џељо Дестановски со „Лазарополе“ донесоа автентичен македонски звук, а Сандра Милковска нежно ја испеа „Се ми земаш животе“.
Финалниот дел од емисијата беше вистинска музичка експлозија:
Дејан Николовски Чуле со песната за Изабела, Вукица Челебиева со вечната „Магија“, и повторно група Круна со заразната „Опа опа оп са са“, која ги крена и музичките гости на оро.
Со оваа песна заврши уште една незаборавна епизода на најгледаната музичка емисија кај нас – „На Здравје“. До следното дружење – нека е на здравје!