Почетна > Македонија > Калинката повторно пее – Валандово ја отвора вратата за 38-то издание на „Фолк Фест Валандово“

Калинката повторно пее – Валандово ја отвора вратата за 38-то издание на „Фолк Фест Валандово“

///
Comments are Off

Вчера, екипата на Балкан Мјузик телевизија беше дел од прес-конференцијата посветена на еден од најстарите музички фестивали во Македонија – „Фолк Фест Валандово“. Со свечена и емотивна прес-конференција во новото кино, започна одбројувањето до 38-то издание на фестивалот кој веќе четири децении е чувар на македонската фолк-песна.

Во присуство на медиуми, изведувачи, организатори и љубители на народната музика, фестивалот беше најавен со топлина и достоинство. Манифестацијата ја отворија долгогодишните водители – Ѓорги Калајџиев и Ирена Спировска – кои со својата препознатлива харизма и љубов кон музиката внесоа ведрина во атмосферата.

Градоначалникот на Валандово, г-нот. Перо Костадинов, со гордост нагласи дека „Фолк Фест Валандово“ е не само музички настан, туку жива традиција и културна вредност која го обединува народот. Уметничкиот директор Живоин Глишиќ пак, ветува високи уметнички стандарди и репертоар кој ќе ја разбуди носталгијата, но и ќе понуди нова енергија.

Клучниот момент – извлекувањето на редоследот на настапите – го означи и симболичниот почеток на фестивалот. Првата калинка беше извлечена од страна на учесниците, а честа да го отвори овогодинешното издание ја доби Дарко Билбиловски со композицијата „Мерак на душата“. Вечерта ќе биде збогатена и со ревијален настап на легендата Перо Христов, кој со својот глас и автентичност ќе нè врати во времето на изворната песна, потсетувајќи нè на нејзината безвременска убавина.

Организаторите оваа година ветија иновативни елементи и нов концепт на фестивалската вечер, со цел да се задржи свежината на настанот. Гласањето за најдобра песна останува во рацете на публиката, преку проверен и транспарентен систем на кутии.

Валандово повторно живее, пее и раскажува – со песна што поврзува генерации и со калинка што цвета секоја пролет со нови спомени.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Каролина Гочева блеска со новата балада „Mog Života Dio“ (Видео)
Зурли, емоции и ѕвезди – спектакл од музика во најновата епизода на „На Здравје“ (Фото)
Александра Пријовиќ за првпат го покажа трудничкото стомаче
„Let Us Be“ – Владимир Четкар со ексклузивна концертна промоција во Скопје пред големата светска турнеја