Почетна > Македонија > Трагедија во Кочани: Пожар во дискотека „Пулс“ за време на концерт

Трагедија во Кочани: Пожар во дискотека „Пулс“ за време на концерт

///
Comments are Off

Пожарот што избувна ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за време на концерт на аренби дуото ДНК, однесе најмалку 50 животи, а голем број лица се повредени. Според првичните информации, пожарот настанал околу 3 часот поради употреба на пиротехнички средства, што довело до брзо ширење на огнот и стампедо на околу 1.500 посетители кои се обидувале да излезат од објектот.

Членовите на ДНК, нивниот бенд и придружните вокали, кои настапувале во моментот на избувнувањето на пожарот, се дел хоспитализирани, а дел се на домашно лекување. Според информации од нивните семејства и тимот на групата, некои од музичарите се префрлени во болници во Скопје и Штип, додека еден од членовите на бендот по првична лекарска помош во Кочани бил пренесен дома во Скопје. Засега, членовите на бендот меѓусебно не знаат кој во каква состојба се наоѓа, а тимот на ДНК сè уште чека официјални информации за нивното здравје.

На снимките од концертот што кружат на социјалните мрежи, се гледа моментот кога за време на изведбата на групата, во придружба на пиротехнички ефекти, одеднаш почнува да гори конструкцијата на таванот. Во рок од неколку секунди, пожарот се разгорува, а членовите на обезбедувањето се обидуваат да го изгаснат со противпожарни апарати. Во позадина се слуша глас на микрофон како повикува: „Излезете сите!“.

Дискотеката „Пулс“ пред само три и пол месеци го прослави својот 12-годишен јубилеј. Преку годините, на нејзината сцена настапувале многу македонски пејачи, диџеи и гости од регионот, меѓу кои Антониа Гиговска, Влатко Лозаноски, Тајзи, Бени и „Нон Стоп“, „Нокаут“ и други.

Во моментов, истрагата е во тек, а надлежните служби работат на утврдување на точните причини за несреќата, како и на идентификација на жртвите и повредените.

Може да ви се допаѓа и
Плеј Бенд ја освојува македонската сцена – по снимањето на кавери најавуваат авторска песна
За душа и срце – уште една неделна музичка идила (Видео)
Ориенталниот сјај на Македонија – Елена Вукановска на најголемиот европски фестивал во ориентален танц
Свечено отворање на фестивалската сала „Ванчо Чавдарски“ во Владимирово