Почетна > Македонија > Слаткар и Тони Зен го одложуваат концертот

Слаткар и Тони Зен го одложуваат концертот

///
Comments are Off

Некои моменти го запираат времето, го згаснуваат звукот и го сечат воздухот. Трагедијата што ја потресе Македонија, кога 59 млади животи згаснаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остави рана што нема брзо да заздрави.

Во вакви денови, музиката молчи. Сцената останува празна, светлата се затемнуваат, а микрофоните остануваат неми.

Марко Маринковиќ – Слаткар и Тони Зен, заедно со Прагма продукција, донесоа одлука нивниот концерт, кој беше закажан за 5 април, да се презакаже за 11 октомври во „Борис Трајковски“.

„Не ни е до песна, не ни е до сцена, не ни е до светло, не ни е до микрофон. Ова што се случи… ја скина душата на цела нација. Нè боли. Нè дави. И не можеме да се правиме дека не е така. Ќе дојде време за музика, за глас, за сила. Ама сега – само молк. И почит“, напишаа тие на социјалните мрежи.

Оваа одлука е израз на солидарност и почит кон загубените животи и нивните семејства. Македонија тагува, а тишината зборува повеќе од илјада песни.

Може да ви се допаѓа и
Емоција без граници: Александар Ичев со успешна турнеја ја слави македонската музика во Австралија (Фото+Видео)
Недела резервирана за македонска традиција: Нова епизода од „На Здравје“ во недела во 20 часот (Видео)
Фолк дивата Елена Јовческа во полн сјај: Нови песни, видеоспотови и концерти низ Европа (Фото)
Борче Наумовски – Министерот за естрада: Од скијачките патеки на Пелистер до голем концерт во Хераклеа (Фото)