Почетна > Арт Студио Продукција > „Еснафска гајда“ – ново оро што мириса на традиција и модерна енергија

„Еснафска гајда“ – ново оро што мириса на традиција и модерна енергија

///
Comments are Off

Македонската музичка сцена доби уште едно освежување кое ветува да стане задолжителен дел од секоја добра веселба. Солистите на Група Круна ја претставија својата најнова инструментална приказна – орото „Еснафска гајда“, кое веќе на прво слушање плени со својата енергија и автентичност.

Во оваа уникатна композиција се спојуваат традиционалното и современото, преку маестрална комбинација на зурла, саксофон и виолина – звук кој истовремено потсетува на корените, но и носи свеж, модерен печат. Зад аранжманот стои Џељо Дестановски, кој успеал да создаде динамична и богата звучна слика.

Интересен дел од приказната е што во музиката се вткаени мотиви инспирирани од делата на Спасен Сиљаноски и Мирсад Демиров, секако со нивна согласност. Останатиот дел од композицијата е оригинално дело на солистите од Круна – Џељо, Али и Иван, кои уште еднаш покажуваат дека традицијата може да се развива без да ја изгуби својата душа.

Снимањето на аудиото се одвиваше во студиото на Горан Мирковски – De Studio, каде што звукот доби финална форма и квалитет достоен за современата продукција. Приказната доби и визуелна димензија – видеото за „Еснафска гајда“ е реализирано од Арт Студио продукција во соработка со Балкан Мјузик телевизија, носејќи динамични кадри кои ја доловуваат енергијата на орото.

Со „Еснафска гајда“, Група Круна уште еднаш ни потврдува дека македонската традиционална музика има што да понуди и на новите генерации – особено кога се обработува со љубов, креативност и почит кон корените.

Останува да видиме – но едно е сигурно: ова оро има сè што е потребно да стане нов омилен хит на публиката и неизоставен дел од секоја прослава.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
„Денес е Велигден“ – нова духовна и велигденска химна на Лени Партикова (Видео)
Големо велигденско финале на празничната програма вечерва со Алерт Бенд во 20 часот на Балкан Мјузик (Видео)
Велигденската еуфорија продолжува со свадбарскиот сплет на Бобан Цаневски и Еуфорија Бенд (Видео)
Лени Партикова со големиот концертен спектакл дел од празничната велигденска програма на Балкан Мјузик (Видео)