Почетна > Балкан > Тереза Кесовија тргнува на последен поклон пред публиката

Тереза Кесовија тргнува на последен поклон пред публиката

///
Comments are Off

На 87-годишна возраст, една од најголемите и најдолговечни музички дами на овие простори – Тереза Кесовија, најави проштална турнеја со која, како што вели, сака достоинствено да се поклони пред публиката што со децении ѝ ја даруваше својата љубов.

Водена од искрена желба за убаво и емотивно збогување, Тереза планира концерти во Љубљана, Загреб и Дубровник – градови кои имаат посебно место во нејзиниот живот и кариера. Таа би запеала во престижниот Цанкарјев дом во Љубљана, во Концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, како и во Театарот „Марин Држиќ“ во Дубровник.

Иако годините и здравствените предизвици сè повеќе го отежнуваат секој настап, Кесовија истакнува дека гласот и понатаму ѝ е силен. По операции на колената и проблеми со ’рбетот, концертите претставуваат сериозен физички напор, но емоцијата – таа не исчезнува.

„Одамна сум во пензија и не е лесно, но гласот ме уште ме служи. Морам да внимавам и понекогаш да седнам, но најважно е публиката да ме слушне – а јас тоа сè уште можам“, изјави Тереза за Дубровачки дневник, додавајќи дека пеењето ѝ доаѓа најприродно од сè.

Публиката со нетрпение ги очекува овие концерти, свесна дека секоја отпеана песна ќе биде повеќе од музика – ќе биде прошка, благодарност и спомен, испреплетени во еден последен, но моќен аплауз.

Да потсетиме, минатата година во февруари, Тереза Кесовија објави спот за песната „Mi smo stranci, što se predobro znaju“ („Ние сме странци што се премногу добро познаваат“), со што уште еднаш докажа дека вистинската интерпретација нема рок на траење.

Прошталната турнеја на Тереза нема да биде крај – туку свечено затворање на една блескава музичка приказна што со децении ги допира срцата на публиката.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Песна, обичаи и идентитет: Ново празнично издание на „На Здравје“ (Видео)
Лени Партикова со нов студиски албум и голем концерт: Тетово подготвено за фолк спектакл (Фото)
Година на музика, страст и традиција: Нови проекти, кавери и видеа во 2026-та што ќе се паметат (Видео)
Празничната атмосфера продолжува во „На Здравје“ – недела во 20 часот само на Балкан Мјузик (Видео)