Почетна > Македонија > Тажна вест: Почина Панчо од ДНК

Тажна вест: Почина Панчо од ДНК

///
Comments are Off

Со огромно жалење ја пренесуваме веста што длабоко нè потресе утрово. По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше.

Си замина уште една легенда на македонската музика и не постојат зборови кои можат да ја ублажат болката предизвикана од прераното заминување на овој голем музичар со големо срце.

Над дваесет години на заедничката музичка патека, Панчо и Андреј, познати како ДНК, оставија неизбришлив печат на македонската музичка сцена. Нивните песни не само што станаа евергрини туку и длабоко се врежаа во срцата на многумина, благодарение на емотивните стихови кои допираа до душата.

Изразуваме сочувство до неговото семејство и блиските.

Може да ви се допаѓа и
Легендата што живее во нас: 45 години од раѓањето на Тоше Проески (Фото)
Потпевнување, добро расположение и вистински звуци – неделна музичка забава на Balkan Music TV (Видео)
Три сплета, нови кавери и авторска песна: Група „Круна“ најавува жешка свадбена сезона (Видео+Фото)
Тереза Кесовија тргнува на последен поклон пред публиката