Почетна > Македонија > „Танец“ со „Изворни минијатури“ – магично враќање кон корените на македонската традиција (Фото)

„Танец“ со „Изворни минијатури“ – магично враќање кон корените на македонската традиција (Фото)

///
Comments are Off

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ подготвува вистински празник за љубителите на македонскиот фолклор. Концертот со наслов „Изворни минијатури“, кој ќе се одржи на 22 ноември (петок) во Македонската опера и балет, со почеток во 19:30 часот, претставува уникатно сценско патување низ времето, традицијата и автентичниот израз на народниот дух.

Овој проект не е само концерт, туку враќање кон изворите – кон никулците што го родија богатството на репертоарот на „Танец“. Публиката ќе има можност да ужива во автентични ора и песни, изведени во нивната оригинална, теренска форма, онака како што живееле меѓу луѓето низ вековите.

На сцената ќе оживеат машки, женски и мешани ора, со раскош на дијалекти, костими и ритми, придружени од врвни играорци и музичари на изворни македонски инструменти. Концертот ќе понуди редок увид во најстарите слоеви на македонскиот музички и сценски фолклор, прикажан со препознатливата енергија и уметничка извонредност на ансамблот.

Проектот „Изворни минијатури“ веќе освои публика низ целата држава, добивајќи признание како еден од најавтентичните и најпопуларни фолклорни концепти на „Танец“ во последните години.

Билетите се во продажба по цена од 600 денари, преку платформата kupikarta.com.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Соната со нов бран кавери што публиката веќе ги бара – проект кој што ги оживува македонските ретро хитови (Фото)
Кога музиката и храната се спојуваат – време е за „На Здравје“ (Видео)
Љубов, традиција и чалгија: Пријави ја својата песна за „Лешочки Фолк Фест 2026“
Кога сите ја отпишаа „Јорговани“ – само Весна Змијанац знаеше дека ќе биде хит (Видео)