Почетна > Арт Студио Продукција > Свадбена еуфорија, силен македонски дух и роденденска премиера на новото музичко видео „Весела сум невеста“ на Сандра Милковска (Видео)

Свадбена еуфорија, силен македонски дух и роденденска премиера на новото музичко видео „Весела сум невеста“ на Сандра Милковска (Видео)

///
Comments are Off

Точно во 18:00 часот денеска 16-ти јуни, младата, убава и сексипилна фолк пејачка Сандра Милковска приреди вистинска двојна радост – не само што го прославува својот роденден, туку ја одржа и премиерата на нејзиниот најнов видеоспот за песната „Весела сум невеста“, со што повторно ја потврди својата посветеност на македонската традиција, претставена на модерен и автентичен начин. Оваа весела, енергична и традиционално инспирирана нумера веќе ги освои симпатиите на публиката уште пред да ја слушнеме комплетно, благодарение на ексклузивните снимки и атмосферата од снимањето кои неодамна ги објавивме.

Спотот кој е во продукција на најдобрите – Арт Студио продукција и Балкан Мјузик ТВ, беше снимен на повеќе локации низ Скопје. Највпечатлива сцена беше таа на плоштадот „Македонија“, каде среде секојдневниот градски метеж оживеа вистинска свадбена еуфорија. Во кадар заиграа младоженци, сватови и случајни минувачи, сплотени во духот на македонската свадбена традиција, песна и радост.

Музиката која што носи автентична свадбарска енергија е потпишана од Валандовски свадбари, додека пак автор на текстот е Марче од Кисми, кој внесе силен емоционален печат и ја обои песната со лирика која го слави семејството, љубовта и традицијата.

Премиерата се совпадна со роденденот на Сандра, што даде дополнителна емоционална димензија на целиот настан што беше пак одбележан со бројни честитки и позитивни коментари од страна на нејзините обожаватели и фанови на социјалните мрежи. Многумина од нив оваа наша млада фолк пејачка ја истакнаа како една од ретките млади уметници кои знаат да ја носат традицијата на нов, привлечен начин.

Таа воедно уште еднаш потврди дека знае како да направи хит, но и како да го претвори секој проект во вистинско музичко доживување.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“
Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)
Љупчо Соколовски открива што ја очекува публиката на Фолк вечерта: „Фолк вечерта на „Охрид Фест“ носи внимателно избрана програма“