Почетна > Ексклузивно > “ShowROOM 2” – за сите уживатели на музички хитови…

“ShowROOM 2” – за сите уживатели на музички хитови…

///
Comments are Off

Музичкиот проект “ShowROOM” на BalkanMusicTv се појави некаде на средината од годината и веднаш ги освои симпатиите и срцата на нашата многубројна публика…секако поради бројните хитови кои пробудија многу спомени, воздишки, понекоја солза и копнеж за времето кое некогаш го живеевме. И да, никој од нас не беше заборавил ниту еден збор, ниту една отсвирена нота од тогашните безвременски хитови. Набргу потоа освен пофалните зборови, до нас стигнаа и пораките од нашите гледачи дека треба да продолжиме со оваа традиција…освен чекорите што се прават напред во музиката, да не ги заборавиме сите популарни испеани рефрени за да можеме секогаш и во секое расположение да уживаме со полно срце во нив…

Деновиве BalkanMusicTv во соработка со “Арт студио” – продукција го заврши снимањето на новото продолжение од популарната “ShowROOM”, музички проект кој повторно на едно место собра познати музички изведувачи и инструменталисти. Расположени за песна и музички емоции ни беа Сања Димова, Драгана Јорданова (воедно и пратечки вокал на сите учесници), Филип Василевски, Чеде Спасиќ, Живе Мешуревски, Секо, Иван Милевски и Адил Алуш. Во музичката придружба овој пат се најдоа Мишел Трајковски, Ален Рамчевски, Далибор Ефтимовски, Идает Сејфулов, Тодор Ушитков, Антонио Тимчевски, Дарјан Дунчевиќ, Пепи Милевски и како гостин еден од нашите најпознати виолинисти, Хилми Баки. За аудиото беше задолжен нашиот познат Љупчо Соколовски – (City sound), што воедно ветува дека и овие музички хитови ќе звучат беспрекорно како и секогаш…

Ако сте романтични во душа и носталгични во срце, “ShowROOM 2” повторно ќе ве освои, расположи и музички ќе “ве стопли”….затоа што само BalkanMusicTv секогаш го знае вистинскиот пат до вашето срце и душа…и се разбира, што треба музички да се слуша!!!