Почетна > Ексклузивно > Промоција на новиот видео запис на Секо – “Слатка печалба”…

Промоција на новиот видео запис на Секо – “Слатка печалба”…

///
Comments are Off

Кога низ планинските предели ќе се разлее звукот на зурлата и тапанот , тогаш тие сигурно раскажуваат некоја тажна печалбарска приказна…толку присутна во нашите краишта и нашите животи. Скоро секој од нас ја има доживеано за некој свој близок роднина или пријател и затоа знаеме како болат и зборовите, и солзите и спомените…за времето што поминало, за времето што никогаш нема да се врати и за времето што не очекува, секој со својата судбина на плеќите…

За сите обожаватели на добрата песна, денес нашиот млад и талентиран музичар и пејач Секо ќе ви ја подари својата нова песна и видео запис насловена како “Слатка печалба”. Комплетен автор на песната е познатиот композитор и инструменталист Златко Миладиноски, а како гости во видеото се појавуваат познатиот зурлаџија Џељо Дестановски, Кристијан Николов (гитара) и Роберт Веселиновски (тапан). Спотот е реализиран во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv каде воедно во 20 часот ќе се случи и неговата промоција. Освен во убавата мелодија и впечатливите зборови, гледачите ќе можат да уживаат и во прекрасните и живописни есенски пејсажи на Козјак…предели во кои сеуште одекнуваат и некои дамнешни, тажни и недоречени печалбарски приказни…

СЕКО – “Слатка печалба” на BalkanMusicTV во (20:00)…Не пропуштајте!!!