Почетна > Ексклузивно > СЕКО со нова видео приказна…

СЕКО со нова видео приказна…

///
Comments are Off

По одличниот прием на првата авторска песна “Далеку од тебе”, младиот и талентиран музичар и пејач Секо повторно на музички план ни најавува нешто ново и малку поразлично од предходното. Идејата се родила по многуте барања на неговите обожаватели на кои според Секо треба секогаш да им се излегува во пресрет. За разлика од првата балада, овојпат станува збор за печалбарска песна со наслов “Слатка печалба” чиј комплетен автор е познатиот Златко Миладиноски. Видео спотот се снимаше во соработка со “Арт студио” – продукција каде за локација е користен есенскиот пејсаж во околината на убавиот Козјак. Свое учество во оваа печалбарска приказна земаа и нашиот најпознат зурлаџија Џељо Дестановски како и колегите Роберт Веселиновски (тапан) и Кристијан Николов (гитара). Се на се, вреди да почекаме…и поради докажаниот автор на музички хитови, и поради музичките гости и поради самиот Секо кој можеби и овојпат ќе не изненади со својата музичка изведба…