Почетна > Арт Студио Продукција > Македонски дух, топла атмосфера и врвна продукција: „Седенка 2“ – нов музичко-визуелен бисер од Класико бенд (Фото)

Македонски дух, топла атмосфера и врвна продукција: „Седенка 2“ – нов музичко-визуелен бисер од Класико бенд (Фото)

///
Comments are Off

По огромниот успех и исклучителниот интерес што го предизвика нивниот претходен проект „Седенка“, членовите на Класико бенд повторно ѝ приредија вистинска музичка гозба на публиката со новото продолжение – „Седенка 2“. Овој пат, проектот е снимен во топлиот и автентичен амбиент на Ресторан „Крушевска одаја“ во Крушево, место каде традицијата, духот и македонскиот звук совршено се спојуваат.

Од објавата на првата „Седенка“, љубителите на македонската музика со месеци бараа и очекуваа продолжение. Гледаноста на YouTube и реакциите на социјалните мрежи сведочат дека новото дело на Класико бенд беше повеќе од посакувано.

Ние работиме за народот. Она што го чувствуваме од публиката, тоа и го создаваме“, велат членовите на бендот, објаснувајќи дека токму љубовта кон традицијата и поддршката од слушателите ги поттикнала да продолжат со уште една автентична музичка приказна.

Како и многупати досега, зад техничката реализација и визуелниот квалитет стои тимот на едни од најдобрите – АРТ Студио продукција, продукција со која Класико бенд долги години успешно соработува.

Свесни сме колку многу ни помогнаа во сите претходни проекти, па затоа соработката со нив продолжува и понатаму“, додаваат од Класико Бенд. Професионалниот пристап, препознатливиот визуелен стил и вниманието на деталите повторно се покажаа како добитна комбинација.

Како и во првиот дел, во видеото се појавуваат глумците од кавадаречкиот театар и тоа: Диме Коцевски, Видан Станоев и Александар Видиков, чија енергија и изведба му даваат дополнителна топлина и живот на проектот.

Бендот упатува и голема благодарност до сите гости кои учествуваа и помогнаа „Седенка 2“ да добие препознатлив домашен карактер.

Во проектот учествуваат и следните членови на бендот:

  • Ангела Стефковска – вокал
  • Андреј Алексов – вокал
  • Драган Петков – хармоника
  • Димитар Михајловски – виолина
  • Димитар Лазов – клавијатури
  • Игор Илковски – ударни инструменти

Н нивната заедничка музичка хемија, прецизна изведба и љубов кон народниот звук повторно се покажаа како најсилен адут на Класико бенд.

И на крајот од денот, „Седенка 2“ не е само продолжение – тоа е потврда дека македонската музика, кога е создадена со љубов, почит и професионализам, може да допре до илјадници и да обедини генерации. Со топла атмосфера, врвна изведба и автентичен звук, Класико бенд уште еднаш докажа дека е меѓу водечките имиња на домашната сцена во зачувувањето и унапредувањето на традицијата.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Три сплета, нови кавери и авторска песна: Група „Круна“ најавува жешка свадбена сезона (Видео+Фото)
Песна, обичаи и идентитет: Ново празнично издание на „На Здравје“ (Видео)
Лени Партикова со нов студиски албум и голем концерт: Тетово подготвено за фолк спектакл (Фото)
Година на музика, страст и традиција: Нови проекти, кавери и видеа во 2026-та што ќе се паметат (Видео)